Гонзалес сака полна сала на дербито со Киелце

Гонзалес сака полна сала на дербито со Киелце

Тренерот на македонскиот ракометен првак Раул Гонзалес ги повика навивачите на „црвено-црните“ в сабота да ја исполнат салата и да му помогнат на тимот да ги освои бодовите на претстојниот дерби дуел со Киелце.

- Очекувам добар и квалитетен натпревар. Киелце е одлична екипа со добра одбрана и мора да ги запреме нивните контри. Имаме уште два тренинга, по кои ќе решам кои играчи ќе настапат, а сите се здрави. Воедно очекувам и полна сала и поддршка да ја оствариме нашата цел, истакна Раул.

Двете екипи во последното одиграно коло од Лигата на шампионите претрпеа порази, Вардар на гостувањето кај Загреб, а Киелце од Рајн Некар Ловен.

Своите очекувања од мечот на денешната прес-конференција ги искажа Алекс Душебаев кој следната сезона ќе настапува токму за Киелце каде тренер е неговиот татко Талант Душебаев.

- Ќе дадам се од себе да победи Врадар. Сите 60 минути мислам само на победа за својата екипа. Сепак, ова ќе биде тежок натпревар Киелце е европски шампион. Ние се бориме за првото место во групата и да се пласираме директно во четвртфиналето. Киелце имаат добри играчи на секоја позиција и мора да внимаваме да немаме грешки тоа е најважно, за да немаат тие лесни голови, изјави левиот бек на Вардар.

Натпреварот се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...