Мареј по совршен крај на совршената сезона

Енди Мареј стана првиот Британец на врвот на АТП-листата од почетокот на компјутеризираниот систем во 1973 година, по што останува уште една цел оваа сезона - да се победи на завршниот турнир за најдобрите осум тенисери во годината, АТП-финалето, кое в недела почнува во „О2 арената“ во Лондон.

По втората титула од Вимблдон и второто олимписко злато, време е да се направи нешто по првпат - да се освои завршниот турнир.

„Сè уште мислам дека најдобрите години се пред мене“, изјави Мареј во јуни.

Историјата беше против него бидејќи само еден човек во модерната ера (Андре Агаси) има освоено повеќе од една гренд слем титула по 30-тиот роденден, а Мареј наполни 29 години во мај. По таа изјава тој влезе во најдоминантниот дел од неговата кариера, губејќи само во три меча од Ролан Гарос.

Во пресврт кој никој не го очекуваше, Шкотланѓанецот избриша водство од 8.035 поени на Новак Ѓоковиќ и на 7 ноември стана број 1, откако поголем дел од кариерата го помина во сенка на другите тројца од големата четворка во тенисот: Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафа Надал. По петтата титула од Квинс Клаб, стигна вториот трофеј од Вимблдон, па одбраната на олимпиското злато во Рио, а есента донесе четири титули во низа - Пекинг, Шангај, Виена и Париз.

И покрај сè ова, Мареј смета дека Ѓоковиќ е првиот фаворит во „О2 арената“, ако не поради друго нешто, тогаш поради четирите титули во низа“, вели Мареј.

29-годишниот Ѓоковиќ ќе го отвори турнирот против Австриецот Доминик Тим в недела, пред Мареј да игра со Хрватот Марин Чилиќ во понеделник. Тој реагираше на прашањето дали се чувствува дека се вратил во „нормала“.

„Јас сум нормалниот јас секој ден! Дека не сум емоционално или физички истиот последните неколку месеци е преостра изјава. Последните месеци не беа на стандардот во 15-те месеци претходно, но не можеш да очекуваш да победуваш секогаш“, изјави Ѓоковиќ.

На хартија, Србинот не треба да има големи проблеми да стигне до полуфиналето, бидејќи има комбинирани 23-0 против тројцата тенисери во својата група - Тим, Милош Раонич и Гаел Монфис. Тој може да се врати на првото место ако биде подобар од Мареј во Лондон, а постојат и други опции во разлика од нивните резултати, со што се очекува интересен финиш на сезоната.



АТП ФИНАЛЕ - ЛОНДОН

ЏОН МЕКИНРО ГРУПА

(1) Енди Мареј (Бри)

(3) Стен Вавринка (Шва)

(5) Кеи Нишикори (Јап)

(7) Марин Чилиќ (Хрв)

ИВАН ЛЕНДЛ ГРУПА

(2) Новак Ѓоковиќ (Срб)

(4) Милош Раонич (Кан)

(6) Гаел Монфис (Фра)

(8) Доминик Тим (Авт)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...