На иницијатива на ЖРК Вардар се возобновува Регионалната ракометна лига

По неколкугодишна пауза повторно ќе се игра регионалната женска ракометна лига (ВРХЛ), каде ќе настапува екипата на Вардар.

Токму на предлог на македонскиот шампион, четирите најдобри екипи од регионот од каде и досега доаѓаа тимовите во ВРХЛ се состанаа во Подгорица и договорија повторно да се возобнови оваа лига.

Покрај Вардар во ВРХЛ оваа сезона (иако во скратено издание) ќе играат уште екипите на Будуќност, Крим и Подравка. Договорено е во периодот од јануари до крајот април да се одиграат четири турнири, и секоја екипа по еднаш да биде домаќин. Би се играло викенди, кога тимовите немаат натпревари во Лигата на шампионите, бидејќи три тимови, Вардар, Будуќност и Крим се пласираа во главната фаза меѓу 12-те најдобри тимови во Европа.

Лигата ќе се одржува под закрилата на досегашното регионално натпреварување ВРХЛ кое неколку години егзистираше, но поради немање спонзор и слабиот интерес на клубовите - замре. Една сезона настапуваше и Вардар во истата лига.

Во оваа лига во минатото имаше клубови од Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија и Австрија (Хипо).

Домаќин на првиот турнир во новата сезона треба да биде Подгорица на 15 и 16 јануари 2017 година. Дополнително ќе биде одреден распоредот на играњето, но планирано е секој да игра со секого.

- Задоволни сме што повторно ќе се игра Регионалната лига. Засега сме само четири екипи, Вардар, Будуќност, Крим и Подравка, но планот е во иднина истата да биде збогатена со повеќе квалитетни тимови од регионов. На сите ни требаат силни натпревари, и сметаме дека е време да направиме нешто за подигање на женскиот ракомет на овие простори. Сакаме да го следиме примерите на мажите кои веќе шеста сезона играат ваква лига и гледаме какви се предностите, вели Давор Стојаноски, извршниот директот на Вардар.

Вардар ќе биде домаќин на последниот турнир, што воедно треба да биде и Ф4 турнир меѓу најдобрите. Тој е планиран за крајот на април, на 29 и 30 во Скопје. Еден турнир ќе се игра во Хрватска, на 25 и 26 март, а уште еден во Словенија, на 1 и 2 април каде домаќин ќе биде Крим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...