Гонзалез: „Уште сме во игра“

„Не го искористивме најдобриот момент кој го имавме дома и сами сме виновни за тоа. Со победа во Келце може мирно да ја чекаме зимската пауза“, заклучува тренерот на Вардар



Во таборот на македонскиот првак Вардар сè уште се чувствува разочарувањето од саботниот перформанс против Рајн Некар Левен и фактот дека пропуштија голема шанса мирно да го чекаат новиот дуел со европскиот првак Келце. Набиениот распоред налага многу брзо да се сумираат работите и да се насочуваат мислите од една до друга задача, па така со свежи рани од поразот од „лавовите“,Вардаровите ракометари мора да се преориентираат на нова тешка битка.

„Потребно е да го следиме примерот на РНЛ. Тие загубија од нас на домашен терен, но дојдоа во Скопје и го дадоа најдоброто и си заминаа со бодовите. Така и ние сега, треба да заборавиме на поразот, да се кренеме, да ги видиме грешките и да одиме во Келце со крената глава и на победа. Вистина е дека во Скопје пропуштивме многу, многу, многу добра шанса за да го осигураме првото место во групата. Незадоволни сме од играта која ја покажавме против РНЛ, но тоа е реалноста и мора да ја прифатиме.

Не го искористивме најдобриот момент кој го имавме дома и сами сме виновни за тоа. Но, сè уште сме во игра и со победа во Келце може мирно да ја чекаме зимската пауза“, оптимист е тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...