„Да се биде или не“ со Келце

*Победа на последниот меч во ЛШ годинава е потребна за мирно „презимување“ во Европа и опстанок на пол-позицијата, која само ќе треба да се потврди во февруари

Финале за крај на годината во Лигата на шампионите го очекува македонскиот првак Вардар, в недела, на гостувањето кај Келце, во последниот дуел од есенскиот дел во групата Б. Натпреварите со европскиот првак добиваат таков епитет, со оглед на важноста и тежината која ја имаат. А, за Вардар нема веќе натпревар без значење или без ризик доколку сака да остане на лидерската позиција на табелата. Гостувањето кај актуелниот бранител на титулата во најсилното европско клупско натпреварување нема сомневање дека ќе биде пеколно тешка задача, особено поради фактот дека Полјаците ќе бараат одмазда за убедливиот пораз во Скопје.

Влогот е ист за двете екипи, кои со ист број бодови го делат првото место во групата. Победа и за едните и за другите ќе значи „презимување“ на врвот, но и предност во очекување на продолжението во февруари, кога ќе се чека финалниот расплет во групната фаза.

Раул Гонзалез има тешка задача, да ги рехабилитира своите ракометари од силниот удар од Рајн Некар Левен и да ги подготви за нов „судир на титаните“ како што го нарече ЕХФ новиот дуел на Вардар и Келце. Позитивен момент е што Шпанецот на располагање ги има сите играчи, па со сите сили ќе може да атакува на нова победа, овој пат на гости кај еден од најголемите ривали во оваа фаза од Лигата на шампионите.

ТАКТИЧКО НАДМУДРУВАЊЕ

Ривалите толку добро се познаваат меѓусебно што дури и отворено се кажува дека нема простор за скриени карти.

„Со Келце толку добро се познаваме што веќе не можеме ни да скриеме нешто едни од други. Нема простор за изненадувања. Но, деталите и спроведувањето на тактиката на теренот е она што може да направи разлика. Во Скопје Агинагалде ни правеше проблеми, но не може да се фокусираме само на еден играч, работиме на сè. Сигурен сум дека и Талант веќе знае каде неговите играчи грешеа во Скопје, и кои беа предностите на Вардар, па ќе се обиде да нè неутрализира. Ќе се надмудруваме....секогаш е така“, вели Раул Гонзалез.

За Вардар средбата со Келце е „да се биде или не“ бидејќи со победа „црвено-црните“ ќе бидат во сериозна предност пред директните ривали. Со РНЛ иако има победа и пораз, Вардар е во предност поради подобрата гол-разлика, но не смее на таа карта да игра и во Келце. Ако се заврши работата со триумф, не само што тоа ќе биде победничко збогум од ЛШ за годинава туку ќе го стави македонскиот тим во одлична ситуација на пролет, кога ќе треба само да се „преживее“ гостувањето кај Пик Сегед.

КЕЛЦЕ БЕЗ ЈУРЕЦКИ И РАЈХМАН

Талант Душебаев за неделниот натпревар со Вардар одново нема да може да смета на Михал Јурецки, а нов момент е повредата и на десното крило Тобиас Рајхман. Јурецки и понатаму се рехабилитира по операцијата на десната нога и, најверојатно, подготвен за игра ќе биде за СП во Франција во јануари следната година. Рајхман, пак, кој во Скопје постигна четири гола во првиот меч, заработи повреда на скочниот зглоб во првенствен натпревар и според клупските најави, тој ќе одмора до дербито со Висла Плоцк во полскиот шампионат.

Келце како „загревање“ за Вардар го имаше мечот со Гдањск, во кој славеше 33:25 (16:14), а на таа средба одмараа бековите Урош Зорман и Матеус Јаклевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...