Серена: „Жените секогаш ги потсетуваат дека не се мажи“

Серена Вилијамс можеби го загуби првото место на ВТА-листата, но сè уште може да инспирира со својата појава и со своето знаење. Овој пат таа реши да го направи тоа преку отворено писмо во магазинот „Портер“, кое имаше тема „Неверојатните жени во 2016 година“.

Вилијамс, која во кариерата има освоено фантастични 22 гренд слем титули, со што е израмнета со Германката Штефи Граф, писмото го посвети на „сите неверојатни жени кои бараат исклучителност“, зборувајќи за важноста за големите соништа. Патот на Американката до врвот на светскиот тенис е уште поневеројатен ако се знае дека таа растеше во предградието Комптон во Лос Анџелес, познато по бандите и по криминалот.

„За мене тоа беше прашање на посветеност и издржливост. Тоа што другите го оценуваа како недостаток или негативна работа за мене, како расата и полот, јас го искористив како гориво за успехот. Никогаш не дозволив некој да ме дефинира мене или мојот потенцијал. Ја контролирав мојата иднина“, се вели во писмото на Вилијамс.

Американката долго време се бори за еднакви наградни фондови во тенисот, слично како актерката Џенифер Лоренс во светот на Холивуд.

„Ме фрустрира бидејќи знам, како Џенифер, дека сме ја завршиле истата работа и истите жртви како и мажите. Никогаш не би сакала моите ќерки да бидат помалку платени од мојот син за иста работа. Тоа не треба да го прифати никој“, додава Серена.

На тенисерката исто така ѝ пречи што честопати е нарекувана „најдобрата спортистка во историјата“. Според неа, таа е само „најдобар спортист во историјата“.

„Дали кажуваат дека Леброн е еден од најдобрите машки спортисти на светот? Тајгер Вудс? Федерер? Зошто да не? Тие сигурно не се жени. Ова никогаш не смее да поминува. Треба да бидеме оценувани по остварувањата, не по полот“, изјави Серена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...