Во Шпанија на сè или ништо

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

САБОТА, 03/12/2016

ЛА РИОХА – МЕТАЛУРГ 17:30

„Паласио де лос депортес де Ла Риоха“ во Логроњо, Шпанија. Судии: Јан Ерик Леандерсон и Микаел Линдрос од Финска. Делегат: Францис Донвен од Холандија



Металург дури откако му се отвори шанса да игра во првата нокаут фаза почна да сфаќа што сè пропушти на двата натпревари во Прешов и Чехов. Металург можеше да има верификуван пласман во нокаут фазата доколку беше подготвен за тие предизвици, но не беше и сега ќе мора да бара шанса на гостински терен кај еден од фаворитите во групата – Ла Риоха од Логроњо. Тие се во моментов на второто место во Шпанија со 11 победи и два пораза (од Барселона и Адемар), но веќе неколку години Асобал не е некое врвно ниво на ракомет, за што е потврда и серијата од над 100 победи во низа на Барселона, единствениот клуб од Шпанија кој е во евро-елитата.

РЕЗУЛТАТСКА КРИЗА

Ла Риоха не игра во добра форма и можеме да кажеме дека е во резултатска криза. Двата последни натпревари во Асобал ги доби со многу среќа и само минимално. Играше со екипи од средината на табелата во Шпанија (Виља дек Аранда 29:28) и Хуеска (27:26). Двата последни натпревари во Лигата на шампионите ги загуби. Од Чеховски медведи беа поразени со 34:37, а Монпеље ги „прегази“ 37:27.

Тоа е добрата вест за Металург, кој би можел да ги постави своите амбиции малку повисоко пред саботната средба.

БИТКА ЗА НОКАУТ ФАЗА

На Металург му е потребна победа над Ла Риоха за да остане во игра за нокаут фазата. Нерешено би ги преполовил шансите за пласман во следната фаза, пораз значи дека во нокаут фазата ќе игра екипата на Ла Риоха.

Во меѓусебниот скор во моментов подобар е Металург, кој победи 24:23 на дуелот во Скопје, благодарение на голманот Дарко Арсиќ, кој симна два зицера во последните 30 секунди од натпреварот, вклучувајќи го тука и контранападот на Анхел Хименез во последните секунди.

НЕКОМПЛЕТЕН МЕТАЛУРГ

Металург има една цела постава на играчи надвор од строј. Од оригиналниот состав ги нема Марчец, Младеновиќ, Кузмановски, Брајовиќ, Нелоски и Драгаш. Засега е најдена замена единствено за Марчец, но радува, пак, моментот што Металург не тргна веднаш да купува замени за Младеновиќ, Брајовиќ и така натаму туку се обиде замени за нив да најде во своите редови. Така, конечно, шанса да играат добија Кузмановски, Талески и сега Мартин Велковски. По повредата на Кузмановски, место сигурно ќе се отвори и за Горан Крстевски, а шанса на линијата почесто добива и Арсеновски.

„Ќе видиме со каков состав ќе излеземе. Не се во комбинација Нелоски, кој ќе оди на терапија и Драгаш кој се врати дома на рехабилитација и нема да доаѓа до Нова година. Крстевски секако ќе го носиме во Шпанија, а ќе видиме како ќе изгледа сето тоа на терен“, изјави Червар.

Поради скаратениот фонд на играчи, во делови од натпреварот Лино Червар го преместува Вања Илиќ од лево крило на бековската линија, а тоа отвора простор за Палевски на пример.

Најбитното од сè е што Металург преку играта седум на шест и одбраната 3:2:1 почна да се менува, да се трансформира од најздодевниот до тим кој меѓу првите почнува да ги користи промените на правилата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...