Македонките победија по 4 и пол години!

Македонската женска ракометна репрезентација стигна до прва победа од 2013 година, откако на стартот на квалификацискиот турнир за СП 2017 со тешки 21:19 беа подобри од Фарските Острови.

Женскиот тим на Македонија, конечно, почувствува што значи победа на официјален натпревар. Малку од овие играчи имале такво чувство со оглед на тоа дека четири и пол години губевме. Противник ни беа Фарски Острови, а Македонија мечот го доби со тесни 21:19 (8:8). Не е ова резултат ниту игра за фалење, но барем победивме.

Македонија отвори подобро и поведе со 3:1 по шест минути игра, но по тоа силите на теренот се израмнија. Ф. Острови покажаа дека во моментов се ранг на Македонија... или дека Македонија е нивни ранг, како сакате. Израмнија на 3:3, но останаа со играч помалку домашните, па Македонија благодарение на единствениот период во првото полувреме во кое играа агресивна одбрана поведе со 6:3.

Македонија го одржуваше водството, поведе со 7:6 во 20. минута, а првото израмнување беше во 23 минута (7:7). Минута подоцна Ф. Острови поведоа со 8:7, Македонија израмни на пет минути до крајот на полувремето и од тој момент до звукот на сирената мрежите мируваа.

Се одиграа цели десет минути од продолжението кога Македонија стигна до клучната предност. Повеќе благодарение на лошата игра на противникот, отколку доба на девојките во црвено.

Ф. Острови, сепак, не се Данска или Норвешка, па фрлија две топки „во публика“, а Македонија тоа го искористи за да поведе со 16:13 во 45. минута.

Дамите, викендов ги чека пеколна задача со оглед на тоа дека играат со фаворитите за првите две места во групата три. Утре играат со Австрија, додека во недела противник е Исланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...