Металург загуби од Ла Риоха и остана без пласман во следната фаза од ЛШ

Ракометарите на Металург останаа без шанси за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите откако вечерва се поразени на гостувањето кај Ла Риоха со 31:25.

Серијата од 6:0 што шпанската екипа ја направи при резултат 19:19 се покажа како клучна за конечниот победник. Металург одигра добри 40 минути, но тогаш дојде до пад во играта и десетина минути без постигнат гол. Домаќинитеe го искористија лошиот период на избраниците на Лино Червар, резултатски се одлепија и предноста рутинирано ја одржуваа до крајот на мечот.

Вања Илиќ со седум и Немања Обрадовиќ со шест погодоци беа најефикасните играчи во тимот од Автокоманда.

Од групата Ц во следната фаза пласман обезбедија Монпеље и Ла Риоха, а на Металург му преостанува да го потврди третото место во последното 10.коло кога го пречекува Чеховски Медведи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...