Раул: Имавме шанса за победа, но тешко е против Киелце

Македонскиот првак Вардар не успеа да го изненади полскиот и европски првак Киелце на негов терен, иако одигра рамноправен натпревар, на затворањето од есенскиот дел во Лигата на шампионите.

Тренер, Раул Гонзалес, му честиташе на победникот по мечот и рече дека Вардар играше подобро како течеше натпреварот, за на крај да добие дури и можност за победа.

- Киелце е освојувач на Лигата на шампионите, а на домашен терен секогаш игра одлично. Натпреварот беше одличен за гледачите бидејќи и двата тима одиграа цврсто и добро и во одбрана и во напад. Ние не почнавме како што сакавме, но во продолжение игравме подобро и подобро. Во вториот дел нашиот голман Милиќ беше одличен и ние добивме шанса можеби да ги освоиме двата поена, но беше тешко, Киелце беше одличен и во одбрана и во напад. Тоа е ракометот, добар меч, но ние загубивме, изјави Раул на прес-конференцијата по натпреварот.

Полјаците славеа со 27:24 и го задржаа првото место во групата, додека Вардар како трет, со два бода помалку ќе ги чека преостанатите пет меча.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...