Червар: Им честитам што ме поднесуваат

„Им честитам на моите играчи што ме трпат. За желбата која ја покажаа на овие подготовки, сите беа на паркетот без разлика дали им беше добро или не..“, вели селекторот

Привршува првата фаза од подготовките на машката репрезентација, која се одработува на Маврово. Утре е последниот ден од престојот на планинската база по што тимот се враќа во Скопје. Ќе добијат краток одмор за дочекот на Новата година и по тоа во јануари, во скратен состав продолжуваат со втората и финална фаза од подготовките пред да заминат за Мец каде што од 11 до 19 јануари ќе играат во прелиминарниот дел од мундијалот.

Првата фаза добива преодни оценки кај селекторот и неговиот стручен тим во поглед на оствареното во овие осум дена. Подобрување на физичката подготвеност, тестирање комбинации и барање иделната постава првенствено во одбранбената линија беа приоритетите на Маврово.

Тимот ќе биде комплетиран по новогодишните празници. Филип Миркуловски и Дејан Манасков стигнаа во Македонија, но со оглед на тоа дека на Маврово подготовките веќе се „завршени“ на екипата ќе ѝ се приклучат на првиот собир во 2017. Постои можност Манасков да дојде денеска на Маврово, Миркуловски веројатно на екипата ќе ѝ се приклучи на 2 јануари во „Автокоманда“. Ова е подложно на промени затоа што Червар ќе инсистира да ги види сите на Маврово.

„Едвај чекам да дојдат Манасков и Миркуловски за да бидеме сите едно семејство, да го почувствуваат сите тој дух, тоа ќе биде водичот со кој ќе се бориме со сите во Франција“, изјави Червар.

Дури тогаш ќе видиме како вистински ќе изгледа репрезентацијата, а прв пат во живо најавените промени ќе ги видиме на дуелот со Босна и Херцеговина на 3 јануари во скопско „Кале“. Тоа ќе биде единствената средба на која ќе можат да присуствуваат и гледачи, додека следните две со истиот противник ќе бидат од затворен тим. На тие средби ќе бидат тестирани вистинските иновации и ќе се проба тоа што на 11 јануари ќе се игра во „Арена де Мец“.



„Јас сакам да им честитам на моите играчи. Да им честитам за тоа што ме трпат. За желбата која ја покажаа на овие подготовки. Овде имавме играчи кои имаа температура, но никој не сакаше да изостане од тренинг. Сите беа на паркетот без разлика дали им беше добро или не. Тоа е квалитет и одлика која мора да се цени и јас ја ценам“, вели Червар.

„Ние немаме многу избор на СП. Мораме да бидеме силни и борбени не само кога се гушкаме додека свири химната туку и во сите 60 минути. Мораме да покажеме дека Македонија иако е мала има големо срце. И луѓето да не препознаваат како најборбена репрезентација. Не смееме да бидеме мачиња и пилиња, туку вистински лавови. Само така ќе можеме да го направиме тоа по што ќе одиме на СП. Ако играме како во Чешка, ако играме како во квалификациите за ОИ, ништо не сме направиле. Единственото нешто што ќе ни даде шанса е борбеноста. Не смееме да чекаме да дојде Жалуз и да шутне, да чекаме да видиме што ќе направи. Не смееме. Мора да има борба за секој сантиметар, да го подигнеме нивото за две нивоа. Разговарав со сите, сите се сложни, сите се спремни.

Втората работа е одбраната. Ќе играме традиционалната 6:0 која се игра со години, но ќе играме и подлабока одбрана. Со нападот се губи, со одбраната се добива натпревар. Ние мораме со максимална борбеност во одбраната да бараме резултат“, вели селекторот.

Македонија на Мундијалот почнува со Тунис и некако за тој натпревар најмногу се насочени мислите, иако сите противници се анализираат и се бараат информации за нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...