Маврово е успешна епизода, глазурата во Скопје

Првата фаза од подготовките на машката сениорска репрезентација на Маврово заврши денеска со утринскиот тренинг, кој имаше повеќе за цел да се размрдаат играчите пред да заминат на мини пауза за новогодишните празници.

Целта на овој дел од подготовки, според селекторот Лино Червар е исполнета. Играчите одработеа над очекувањата и тоа сигурно ќе му ја искомплицира барем малку работата во моментите кога ќе треба да соопшти кои играчи ќе продолжат во националниот тим и во новата година.

Лино Червар најави дека македонската експедиција за Мец ќе брои 19 патници. Во моментов на располагање на селекторот се 24 играчи. Списокот ќе треба да се скрати денеска и на играчите да им биде соопштено пред да заминат на празнување. Но, како ќе биде, знае само Червар.

„Мислам дека по Нова година“, повеќе рефлексно одговори Червар на прашањето кога ќе го дознаеме новиот список на репрезентативци. Момент подоцна додаде:„А може и пред тоа, денеска или утре, ќе видиме“, додаде селекторот.



Може да си го дозволи луксузот селекторот и да размисли ден или два плус, па имињата на играчите што на втори јануари ќе треба да се појават во „Автокоманда“ на првиот тренинг во 2017 да ги соопшти само ден претходно.

Иако, сметаме дека би било многу пофер кон играчите, кога веќе нема никакви двоумења или дилеми таа информација да ја имаат што побрзо.

Дејан Манасков ја почувствува атмосферата на Маврово и одработе и некој тренинг на планинската база. Филип Миркуловски со тренинзи почнува во јануари, во скратениот состав. Сите други играчи се здрави и во конкуренција за настап на првенството.

КОН ШТО ЦЕЛИ МАКЕДОНИЈА НА СП?

Веќе имавме можност да чуеме од селекторот дека ова е почеток на создавање репрезентација која би требало да има шанса да игра на Олимписки игри. Конкретно на Олимписките игри во Токио 2020 година. Генерацијата која полека заминува имаше две шанси да се избори за настап на ОИ, но не успеа низ квалификациите што беа организирани во Гетеборг во 2012 и во Гдањск годинава.

Но, исто така имавме можност да го чуеме од Червар и следново:

„Знам дека јавноста очекува од нас резултати. Знам дека јавноста очекува од нас да бидеме добар тим во Франција, не екипа која лесно ќе ги губи натпреварите“.

Кои се реалните дострели на овој македонски тим на Мундијалот?



Гледајќи ги имињата на противниците и нашата историја со нив, најреално е да очекуваме петто место во групата и натпревари за пласман во Президент куп. Тоа е позиција која македонската репрезентација ја имаше во далечната 1999 година кога играше на Мундијалот во Египет. Оттогаш имаме настап на уште три светски првенства и сме освоиле 11. место во Хрватска 2009, 14 во Шпанија 2013 и најдобриот пласман, 9 место на СП во Катар пред две години. Главно сè сведувало на пласманот во 1/8 финалето.

ПОБЕДА НАД АНГОЛА И СÈ ДРУГО Е БОНУС

Од Македонија очекуваме да ја совлада Ангола и да биде рамноправна со другите репрезентации. Пораз од Ангола би значело дека нешто сериозно не е в ред со нашиот тим. Победа над која било друга репрезентација е бонус.

Според силата на противниците, базирано на нивните досегашни настапи, фаворит во Мец ќе биде Шпанија. Победа над нив би била сензација, пораз нешто што е очекувано. Шпанија во два наврати покажа слабост кога игра со Словенија. На ЕП во Полска, Шпанците се радуваа „како мали деца“ на освоен бод, а на квалификациите за ОИ во Малме, Словенија беше подобра. Ова ја поткопува улогата на Шпанија како прв фаворит и ги става рамо до рамо со Словенија. Овие две селекции би требало да ги освојат првите две места.

Не дека ги прогласуваме Шпанија и Словенија за победници на натпреварот со Македонија, но треба да бидеме и реални во поставувањето на целите. Словенија не е непобедлива, но нишанот повеќе би го поставиле кон Тунис и Исланд.

Поразот во квалификациите во Гдањск повеќе беше резултат на амбиентот во македонскиот тим отколку што беше некаква играчка, тактичка или каква било друга надмоќ на противникот. Ако на дуел со нив влеземе спремни за битка и со некој тактички џокер во ракав, Тунис нема да биде доминантен како во Гдањск. Во квалификациите, како лекција, барем видовме дека мечот мора да биде сфатен сериозно од првиот напад, а не откако противникот ќе поведе со 5 гола разлика. Веројатно ќе тргнат во јуриш по рецептот од „Арго арена“, но ако добијат вистинска битка уште од прв момент, епилогот може да биде различен.

Исланд е можеби и уште позгоден за изненадување. Тие не беа импресивни и додека ги водеше Арон Кристијансон, сега со Геир Свеинсон на клупата се уште поблиску до нас. Без Петерсон, Гудјонсен и Гунарсон, со рековалсценти како Палмарсон и неизвесен Атласон, Исланд е противник против кого ќе бараме бодови.

КАКО ЗВУЧИ 1/8 ФИНАЛЕ ИЛИ 1/4 ФИНАЛЕ?

Под претпоставка дека Шпанија и Словенија би ги заземале првите две места, Македонија, Тунис и Исланд би се бореле за преостанатите две. Македонија со најмали, Исланд со најголеми шанси. На хартија.

Веројатно победа над една од овие две репрезентации би значела пласман во 1/8 финалето, пат кон Лил и дуел со моќниот домаќин – Франција.

Но, доколку победиме на двете средби или во зависност од резултатите успееме да стигнеме до третото место во групата, тогаш се отвора и уште една, нова врата.

Групата „А“ со која вкрстуваме ги има Франција како топ фаворит, по тоа Полска, Русија, Норвешка и Бразил како екипи кои би ги заземале следните три 1/8 финални позиции, додека Јапонија е аутсајдерот.

Со преполовена Полска, во конкуренција остануваат Норвешка и Русија и со нешто помали шанси Бразил. Таков расплет би нè довел до историска шанса да се бориме за 1/4 финале со реални шанси и да стигнеме меѓу осумте најдобри. Звучи (пре)оптимистички, но Русија и Норвешка се репрезентации против кои можеме да играме.

„Јас не би ги оптоварувал играчите со резултати. Најбитно е ние да одиграме како што треба. Луѓето кога ќе не гледаат да можат да кажат дека играме поинаков ракомет од досега и дека сме најборбениот тим. Со тоа би бил задоволен“, изјави Червар.

Но, кој го знае Червар, веројатно знае дека сите мундијалски комбинации веќе се разработени и не само тоа туку веројатно веќе има и полуготов план и за квалификациските дуели што во мај ќе ги играме со Исланд.

Па, сепак. Не смееме да се удираме во гради.

Гледајќи ги имињата на противниците и нашата историја со нив, најреално е да очекуваме петто место во групата и натпревари за пласман во Президент куп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...