Различни стартови на сезоната за Новак и Роџер

Роџер Федерер имаше супер-лесен старт на 2017 со победа во два меча на Хопман купот во Перт, додека Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата влезе во второто коло во Доха.

Федерер покажа дека одморот добро му послужил откако со 6:3/6:4 го победи Ден Еванс во првиот меч по шест месеци пауза на Хопман купот во Перт, Австралија. 17-кратниот гренд слем шампион беше на операција на коленото во февруари, и откако го пропушти Ролан Гарос поради повреда на грбот, во јули објави дека ќе стави крај на сезоната. Тој доби овации од 13-те илјади фанови во Перт, пред да го победи Еванс и да ѝ донесе на Швајцариај 1:0 водство во турнирот со мешани двојки.

Швајцарија стигна до 3:0 победа откако прво Белинда Бенчич со 7:5/3:6/6:2 ја победи Хедер Вотсон, а потоа го комплетираа триумфот со 4:0/4:1 победа во двојки

Новак Ѓоковиќ ги надмина раните проблеми за да стигне до победа од 7:6(1)/6:3 над Германецот Јан-Ленард Штруф во првото коло на Катар опен во Доха. Ѓоковиќ имаше нестабилен почеток, и губеше со 4:0 откако Германецот започна фуриозно против светскиот рекет број 2. Меѓутоа, Србинот, кој го загуби првото место на АТП-листата на крајот на годината, се врати импресивно за да го освои сетот во тај-брејк.

„Да, почетокот воопшто не беше добар и не изгледаше многу добро. Ми требаше време да го прочитам неговиот сервис по што немав проблеми. Сепак, јас сум задоволен“, вели Ѓоковиќ, кој имаше 17 победнички топки, но и дури 20 неизнудени грешки.

12-кратниот гренд слем шампион брани поени во Доха, каде што е актуелен шампион, а таму игра и светскиот број 1, кој утре стартува против Жереми Шарди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...