Зрелоста се покажува на најтешкиот „испит“

Првото место е единственото кое води на Мундијалот, а ако се совладаат Полјаците, Македонија ќе ја елиминира главната пречка во групата три.

Завршниот чекор, кој ќе значи и настап на Светското првенство во Алжир (17-30 јули 2017) машката младинска репрезентација на Македонија ќе треба да го направи во следниве три дена на квалификацискиот турнир во групата три, кој ќе се одржи во СРЦ „Кале“ во Скопје.

По 15 дена активни подготовки нашите надежи фокусирани ги очекуваат дуелите со Полска, Португалија и Турција, по кои само првопласираниот тим во групата ќе се најде на Мундијалот.

Младинците се во позиција на „прво, па машко“, односно уште на почетокот на турнирот се судираат со главниот ривал за лидерската позиција, Полска. Селекција, која заврши на 8. место на последното ЕП и која, како и Македонија, се надева дека ќе продолжи со настапи на големите натпреварувања во својата возрасна конкуренција. Турнирот во „Кале“ е завршна шанса за Талески, Нелоски... да се најдат на едно првенство У21, па од таму и надежта дека токму пред домашната публика ќе обезбедат пласман на СП и ќе ја најават иднината на македонскиот машки ракомет.

„Ова се последни квалификации во овој состав за едно големо натпреварување. Мислам дека оваа генерација уште не го кажала последниот збор и се надевам дека тоа ќе го направиме во Скопје, пред нашата публика и ќе обезбедиме пласман на Светското првенство во Алжир. Знаеме што треба да играме и верувам дека секој од нас ќе го даде и последниот атом од себе за да дојдеме до првото место во групата“, вели капитенот на младата репрезентација, Филип Талески.

СО ПОЛСКА НА „СÈ ИЛИ НИШТО“

Доколку се совлада Полска, на стартот на турнирот, 90% од работата ќе биде завршена, па од таму и сите анализи, работа и поставување на тактиката во изминатиов период беа за овој противник.

„Полска е силна, квалитетна, школувана селекција, сè што бара денешниот модерен ракомет од еден тим, но не е дека немаат недостатоци во играта. Момците се свесни за она што ги очекува. Многу анализиравме, трениравме, работевме, а сега е време сето тоа да го сублимираме и да го покажеме на теренот. Ја имаме и предноста од домашниот терен, се надевам на поддршка од публиката, која дополнително ќе нè мотивира.

Однадвор делуваме мирно и концентрирано, но имам чувство дека однатре има голем набор и адреналин, кои се надевам дека во позитивна смисла ќе експлодираат на теренот“, коментира селекторот Илија Темелковски, во пресрет на денешниот главен испит на неговиот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...