ГРУПА „Ц“: Лошите момци и новата Хрватска

Групата „Ц“ носи два тима кандидати за највисок пласман, една нагазна мина, еден тим со 1/8 финален дострел и два аутсајдери.





Ќе го повтори ли Германија успехот од ЕП и на светската сцена? Може ли новиот концепт на Хрватите да им донесе медал? Унгарија на хартија има состав кадарен да се бори за подиум, но на терен ни оддалеку не функционираа(т) како кандидат за медал. Може ли тоа да се промени во Франција?

Во оваа група речиси е сигурно дека С. Арабија и Чиле ќе продолжат во Президент куп, а другите четири тима ќе ги постават своите цели врз основа на меѓусебните дуели.

ГЕРМАНИЈА во Краков во јануари отиде како аутсајдер, практично со третата постава на ракометари, а од Полска се врати како европски шампион. Играа перфектна одбрана која освен златниот медал им до донесе и прекарот „бед бојс“.

Една година подоцна во далеку покомплетен состав патуваат во Франција. Им се вратија Друкс, Гензајмер, Грецки ..., им остана и дел од оригиналната „бед бојс“ постава (Волф, Фат, Дамке, Колбахер, Хафнер), но и останаа без неколку „клучни“ играчи.

Хендрик Пекелер и Кристијан Дизингер одлучија да го прескокнат „францускиот“ мундијал. Нивното оправдување е донекаде и разбирливо. Имаат премногу натпревари во Германија каде што во тимскиот ростер и натаму има само по 14 играчи. Неколкупати се повредија и сега сакаат одмор за да си ги решат здравствените проблеми и едноставно да поминат повеќе време со семејствата.

Дагур Сигурдсон е нивниот најсилен адут, но играта на Германија еднаш беше изненадување, дали ќе мине и по вторпат и како нивната гранитна одбрана ќе се снаоѓа кога ќе ја напаѓаат седум играчи, ќе видиме. Вистинските тестови им се закажани првиот и последниот ден од прелиминарната рунда. Почнуваат со Унгарија, завршуваат со Хрватска.

ХРВАТСКА најавува нов концепт кој, веројатно, нема да се зачудите, е многу сличен на концептот кој во Македонија го најавува Лино Червар.

И нивните подготовки се слични на „панцир системот“, и тие ќе играат со седум напаѓачи, разликата е во тоа што Жељко Бабиќ има на располагање поголем број квалитетни играчи и нивната цел е злато, а нашата е 1/8 финале.

„Со игра со седум напаѓачи ги совладавме Данска и Франција во Рио, а овие две селекции подоцна играа во финалето. Тоа е нашата шанса, видовме дека можеме“, изјави Бабиќ.

Нивниот список не е скратен, но сигурно нема да го гледаме иван Чупиќ, кој по Рио се повлече од репрезентацијата, а нема да го гледаме ниту Марко Копљар, кој побара поштеда за да го реши проблемот со коленото. Копљар, инаку, е на поширокиот список и веројатно доколку им згусти на Хрватите ќе „долета“ во Франција.

УНГАРИЈА на Мундијалот патува во комплетен состав. Иако во текот на сезоната неколку нивни ракометари имаа проблем со повреда, сега сите се подготвени за настап.

Унгарија е единствената репрезентација во групата „Ц“ која има во своите редови натурализиран играч. Иман Џамали, некогаш репрезентативец на Иран, сега е дел од унгарскиот состав. Бекот на Мешков Брест ќе ја освежи надворешната линија и ќе одвлече внимание од десните бекови Ласло Наѓ, Габор Анчин и евентуално Балог Золт кои би требало да ги решаваат проблемите од дистанца. Добрата вест за Хавиер Сабате е дека одлична сезона има Габор Часар, централниот бек, па така Мате Лекаи нема да му биде единствената опција. Лошата е дека Веспрем каде што самиот е тренер има условно кажано лоша сезона и тоа може да се пренесе и врз националниот тим.

БЕЛОРУСИЈА на ова ЕП ќе оди без легендата Сергеј Рутенка. Најдобриот белоруски играч во последната деценија се повреди на ЕП Полска, па долго време немаше клуб, па се шпекулираше дека ќе ја заврши кариерата за во ноември да потпише за Ал Кијада. Повторно актуелен стана кон средината на декември кога и западните медиуми дознаа дека потпишал за катарскиот клуб и дека нема да игра на СП.

Селекторот Јуриј Шевцов нема да може да смета и на централниот бек Димитри Никуленков, кој го лекува коленото, а се откажа и од пикерот Бабичев и крилото Баранов, иако овие двајца како и Никуленков се на поширокиот список.

Ќе обрнеме внимание на голманот Вјачеслав Салдаценка. Внимание, колку за потврда дали имаше добар турнир на ЕП во Полска врз база на инспирација или навистина се работи за вонсериски чувар на мрежата кој наскоро од не многу амбициозниот СКА Минск ќе го видиме на голот на некоја далеку подобра екипа. Има СКА Минск и други играчи вредни за внимание, но очекуваме улогата на алфа во тимот во отсуство на Сергеј Рутенка да ја преземе Борис Пуховски. Одиграа десетина контролни натпревари и главно губеа, но се бројат официјалните мечеви, не контролните.

ЧИЛЕ веќе трета година е под команда на шпанската ракометна легенда Матео Гаралда и веќе треба да се види дали тој успеал да го мрдне од мртва точка тимот. Не беа многу лоши на олимписките квалификации во Гдањск, но реално тогаш не беа блиску да победат европска репрезентација.

Шансата (ќе) ја гледаат на дуелот со Белорусија, меч кој за нив ќе биде големото финале на СП.

Гаралда на овој мундијал нема да го води легендарниот пивот Марко Онето. Новото засилување на Спортинг Лисабон е рековалесцент, па иако веќе влегува во период кога ќе мора да игра, нема ништо да ризикува. Ни Онето, ни Гаралда. Имаат неколку ракометари што играат во Европа. Не во познати клубови, туку во екипи како Бенидром од каде доаѓа замената за Онето – Естебан Салинас. Го имаат и сосема солидниот десен бек Родриго Салинас кој игра за францускиот Шатр и левиот бек на францускиот нисколигаш Монтелимар – Виктор Донозо. Сепак, сè во нивниот тим ќе се врти околу браќата Емил и Ервин Фојчхман.

САУДИСКА АРАБИЈА е тим во кој играат домашни играчи, без познати имиња иако од нивни претходно настапи низ „магла“ ги препознаваме левото крило Султан Ал Обаиди и бекот Хишам Ал Обаиди, како и пикерот Магди Ал Салем. Саудиска Арабија на Мундијалот ќе ја предводи Хрватот Ненад Кљаиќ. Играа неколку натпревари во Словенија, Србија и губеа со големи разлики. Од нив очекуваме да го носат „фенерот“ од Руен до Брест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...