Червар задоволен од сработеното

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар на денешната прес-конференција пред заминувањето на Мундијалот во Франција, изјави дека е задоволен од сработеното и дека неговите избраници го дале максимумот во подготвителниот период.

- Поминавме тешки подготовки. Секој играч го даде максимумот и немам никакви замерки. Така треба да биде и на Светското првенство. Да прикажеме максимална борбеност и пожртвуваност. Одбраната е поагресивна, испробувавме одредени формации и во зависност од потребите ќе ја формираме нашата дефанзива. Противниците не сметаат за аутсајдери, а тоа може да биде и добро за нас. Ние не се предаваме против никого и ќе се бориме до последната сила, истакна Червар.

Македонскиот селектор информира дека пред првиот дуел со Тунис ќе одреди кој од 19 ракометари ќе биде во составот.

Капитенот Кирил Лазаров потенцираше дека играчите со нетрпение го очекуваат стартот на шампионатот и дека се подготвени како никогаш до сега.

- По напорните подготовки со голем ентузијазам го чекаме почетокот на СП. Најзначајно е што сите сме здрави. На физички, психолошки и тактички план сме добро подготвени, како никогаш порано. Ќе видиме на натпреварите дали тоа ќе биде доволно или не. Верувам дека може да се надигруваме и со посилните противници, нагласи Лазаров.

Македонската експедиција вечерва со автобус заминува за Софија, од каде со авион преку Виена ќе пристигне во Луксембург, а од таму со автобус кон крајната дестинација Мец, Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...