Федерер само 17. носител во Мелбурн!

Долгата пауза поради повреда и следствениот пад на рејтинг-листата создаде тешка ждрепка за 17-кратниот гренд слем шампион Роџер Федерер на Австралискиот опен, каде што ќе биде само 17. носител. Ова значи дека 35-годишниот ветеран нема да има заштита како и обично и може да игра со топ 10 тенисери веќе во третото коло.

Федерер има четири титули од Австралискиот опен, првата од 2004 година, но нема освоено титула во Мелбурн од 2010 година. Минатата година тој ги пропушти последните шест месеци од годината по операцијата на левото колено и повредата на грбот, завршувајќи ја годината со рекордни 65 настапи во низа на големите турнири кога не играше на Ролан Гарос. Тој исто така не играше ниту на УС опен. Првиот меч во 2017, Федерер го играше на Хопман купот во мешани двојки во Перт минатата недела.

Според очекувањата, светскиот рекет број 1, Енди Мареј, е прв носител пред шесткратниот шампион од Австралискиот опен, Новак Ѓоковиќ, додека Анџелике Кербер, актуелната шампионка од Австралија и УС опен е прва носителка пред шесткратната шампионка, Серена Вилијамс.

Милош Раонич, финалистот од Вимблдон е трет носител, по што следуваат УС опен шампионот Стен Вавринка, Кеи Нишикори, Гаел Монфис, Марин Чилиќ, Доминик Тим, 14-кратниот гренд слем шампион Рафаел Надал и Томаш Бердих во топ 10.

Нишикори, кој загуби во финалето во Бризбејн од Григор Димитров в недела, вели дека Федерер ќе биде лоша вест за неговите ривали, но добра за турнирот.

„Нормално дека е лоша вест за нас. Ќе имаме тешка ждрепка. Рафа исто така е број 9 и би можеле да се сретнеме многу побргу со нив. Тоа не е добро ако си тенисер, но добро е за фановите“, вели Федерер.

Кај дамите, по Кербер и Вилијамс во топ 10 носителките се Агњешка Радвањска, Симона Халеп, Каролина Плишкова, Доминика Цибулкова, Гарбиње Мугуруза, Светлана Кузнецова, Јохана Конта и Карла Суарез Наваро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...