Премиерно гренд слем славење за Лина

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја оствари својата прва гренд слем победа во кариерата. Лина во квалификациите на Австралискиот опен, во првото коло ја победи американската тенисерка Саша Викери со 6:2, 3:6, 6:3.

„Имав одличен меч против тенисерка којашто е навистина квалитетна. Среќна сум за мојата гренд слем победа во кариерата и се надевам дека е една од многуте. Сепак, нема време за големо славење бидејќи ме очекува нов тежок меч во период од 24 часови. Нема да биде лесно, но, јас нема да се откажам“, изјави Лина.

Ѓорческа имаше фантастичен меч против Викери, а како доказ за тоа е и податокот каде што се вели дека има сервирано 11 сервис асови.

Сепак, како што истакна и Лина, време за славењ речиси нема. Веќе утрово, поточно во 3 часот закажан е дуелот од второто коло против Далма Галфи. Унгарката во моментов се наоѓа на 162. место на ВТА листата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...