Ангола втор противник на Македонија на ракометниот мундијал

Македонската ракометна репрезентација по вчерашниот слободен ден вечерва во Мец го игра вториот натпревар од Б групата на Светското првенство во Франција. Противник ни е селекцијата на Ангола, која на стартот загуби од Словенија. На вчерашниот тренинг поради повреда го немаше Велко Маркоски и неговиот настап е неизвесен, додека Дејан Манасков тренираше со намален интензитет.

- Мислиме на вториот ривал Ангола. Проблем ни се повредите на Велко Маркоски и Дејан Манасков. Велко Маркоски е важен играч за нас особено во одбраната 5-1 не е исто дали е тој или Талески. Со Тунис моравме да ја играме и одбраната 6-0. Имаме и Б комбинација, но не е исто. Манасков има повреда на зглобот, има оток. Ќе гледаме делови од нивниот дуел со Словенија и ги гледавме во полуфиналето на афрканското првенство каде играа многу подобро. Можеби им влијае и промената на климата. За нас е најопасно, ако се опуштиме, одиме чекор по чекор, најмногу се плашиме од самите себе. Треба да се игра со најдобрите, а потоа може да им се даде шанса на другите, изјави селекторот на Македонија Лино Червар.

Натпреварот Македонија – Ангола е последен од денешната програма во групата Б и почнува во 20:45 часот. Претходно играат Словенија – Исланд (почеток 14:45 часот) и Шпанија – Тунис (почеток 17:45 часот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...