СП 2017: Втора победа за македонските ракометари во Мец

Мец, 14.јануари 2017 (МИА) – Македонската репрезентација ја постигна и втората победа на ракометниот мундијал во Франција. Вечерва беше совладана селекцијата на Ангола со 31:22 (14:9).

На почетокот од дуелот нашите ракометари имаа минимално водство пред се благодарение на добрата одбрана бидејќи во нападот правеа многу грешки, а Ангола првиот гол го постигна во 8.минута. Но, слабата реализација продолжи и Ангола во 18.минута изедначи (5:5), по што селекторот Лино Червар мораше да побара тајм аут. Промена на резултатот немаше до 9:9 (24.минута) и Македонија секогаш имаше минимално водство. До крајот на првиот дел направивме серија од 5-0 за водство на полувремето од 14:9.

На почетокот на вториот дел Македонија во напад играше „7-6“, но следуваа грешки и Ангола го намали водството постигнувајќи три гола кога Македонија беше без голман. Брзо се врати Македонија во игра со серија од 4-0 и поведе со +6 (19:13). Нашата репрезентацијата првото двоцифрено водство го имаше во 51.минута – 25:15.

Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со 10 голови.

Во следното коло Македонија во понеделник од 17:45 часот игра против Словенија.

На другите два дуела од Б групата во Мец Словенија го победи Исланд минимално со 26:25, а Шпанија беше подобра од Тунис со 26:21. На табелата со по четири бодови се Словенија, Шпанија и Македонија, додека Исланд, Тунис и Ангола немаат бодови



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...