Лино и Вујо во мундијалско класико

Длабоко во меморијата на македонскиот ракометен фан се врежани епските дуели на Металург и Вардар предводени од Лино Червар и Веселин Вујовиќ.

Ерата на најголемото македонско дерби нема да падне во заборав, дури носталгично ќе се присетуваме на преполните сали, серијата нерешени натпревари, титулите решени со гол во последниот напад.

Денеска се отвора ново поглавје во ова ракометно класико. На Мундијалот во Франција, одново еден против друг ќе бидат Вардаровата икона и Металурговиот „маго“. Нема да им биде прва пресметка, своевремено како селектор на Хрватска и селектор на СЦГ, се имаат сретнато.

За нас е битно времето по таа средба. Оттогаш и двајцата оставија длабока трага во македонскиот ракомет. Долго време ги водеа нашите најдобри екипи, Вујовиќ беше и селектор на македонската сениорска и јуниорска, сега Лино е на кормилото.

И за нас и за колегите од Словенија оваа пресметка има посебен шарм, со тоа што тие се помалку хендикепирани затоа што за овие дуели имаат само слушано и читано, а ние живееме со нив со години.

Неизбежно првото прашање на сметка на двајцата селектори е споменатото ривалство.

„Лино можеш да бидеш рамнодушен или го сакаш или не го сакаш, нема тука средина“, вели Вујовиќ.

„На клупата на Македонија седи еден извонреден стручњак. Знаете какви беа тие класико-дуели кога јас бев тренер на Вардар, а Лино на Металург. Таков каков што е , направи добар резултат. Основната цел беше да се победи Тунис. Во ситуацијава двете екипи во меѓусебниот дуел ќе влезат со по четири бода. Тоа е фантастично. Кој и да изгуби во тој дуел, и понатаму останува со шанса да помине во втора фаза и да биде добропласиран. Се разбира, јас би сакал тоа да биде Словенија“, изјави селекторот на репрезентацијата на Словенија.

Лино Червар исто така подели пофални зборови на сметка на својот голем ривал.

„Јас би испаднал смешен тренер доколку кажам дека не го почитувам Вујовиќ“, изјави Червар и додава. „Тој го одбележал овој спорт и како играч и како тренер. Реалноста е таа, со неговото доаѓање Словенија игра многу подобро. Словенија имаше одличен настап на Олимписките игри, беше четврта. Многу репрезентации би сакале да се на нејзиното место, но не се. Словенија е извонредно тактички подготвена. Мечот ќе биде навистина интересен, Словенците се фаворити, но јас велам нека победи подобриот, ако одиграме онака како што знаеме и умееме и ако ја заслужиме победата, тогаш ние да бидеме тие што ќе се радуваат на крајот“ .

Од Мец, Ристо Ѓамовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...