Карловиќ и Зебаљос ги срушија рекордите

Новак Ѓоковиќ го мина првото коло на Австралискиот опен со победа над Фернандо Вердаско за помалку време отколку што на Иво Карловиќ и Хорасио Зебаљос им требаше да комплетираат еден сет!

Карловиќ и Зебаљос го одиграа најдолгиот меч според бројот на гемови во историјата на Австралискиот опен. Нивниот петти сет отиде во 42 гема пред Карловиќ конечно да победи со 6:7(6)/3:6/7:5/6:2/22:20. Покрај неверојатната должина на мечот, уште една статистика е зачудувачка - Карловиќ испука неверојатни 75 аса!

Кога Ѓоковиќ излезе на „Род Лејвер арената“ да игра против Вердаско, на теренот број 19., Карловиќ и Зебаљос го започнуваа петтиот сет. Ѓоковиќ потоа го победи Вердаско, смени маица, направи интервју покрај теренот, зборуваше со својот тренер, додека хрватскиот ветеран и Аргентинецот се мачеа.

Последниот сет траеше 157 минути, над 25 минути повеќе од мечот на Ѓоковиќ, пред Зебаљос да „потклекне“ на свој сервис. Мечот започна на 37 степени попладневна жештина и заврши пет часа и 25 минути подоцна. Организаторите мораа да ги пратат момчињата кои носат топчиња да донесат дополнителни енергетски пијалоци.

Сепак, ова не е најдолг меч во историјата. Во 2010 на Вимблдон, Американецот Џон Изнер го победи Французинот Никола Мау по 11 часа и пет минути во три дена игра, во меч кој имаше 183 гема и неверојатен петти сет од 70:68. Карловиќ призна дека размислувал за тој меч.

„Размислував за Изнер-Мау. Се надевав дека можеме да го поминеме и тој рекорд. Но, о ова е добро. На овој меч ќе се сеќавам по крајот на кариерата. Да беше лесен меч или да загубев рано немаше да се сеќавам“, вели Карловиќ.

Овој меч исто така не го сруши рекордот за најдолг меч според време на Австралискиот опен - финалето во 2012 меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал траеше 38 минути повеќе, или 5 часа и 53 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...