Червар: Шпанија на надворешните линии не е толку добра како Словенија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар очекува нешто полесно задача на вечерашниот дуел со Шпанија, во однос на претходниот противник Словенија.

- Шпанија имаат добра транзиција со крилата Ривера и Томас, но надворешната линија не е толку добра колку Словенците, не е разновидна. Треба да бидеме мудри, бидејќи играме со Шпанија, а потоа со Исланд, ден по ден. Ако сме во вториот круг тоа е успех и психолошки порастоварено ќе играме на последните два дуела, рече Червар.

Македонија по трите одиграни рунди и двете победи (Тунис и Ангола) има обезбедено осминафинале, но од исходот на последните два натпревар ќе зависи кој противник ќе го добие во следната фаза. Евентуален позитивен резултат вечер со фаворитот ќе значи зголемување на шансите за повисок пласман во групата.

- Имавме состанок со анализа на нашиот натпревар со Словенија, пред се за нашите слаби страни, но и оние добри моменти. Шампионатите се такви и сега треба да „се кренеме“ и да одиме напред. Дуелот со Тунис беше важен и се покажа тоа. Мислиме на Шпанија и на Исланд. Психолошки е важен исходот од дуелот Словенија – Тунис. Не ги бранам играчите, но Миркуловски откако испадна од игра беше тешко. Мислам дека ќе биде во составот за двата дуела.

Почетокот на средбата од 4.коло Б-група на СП меѓу Македонија и Шпанија е во 20 часот и 45 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...