По добрата вест, стигна лоша. Македонската репрезентација останува без Дејан Манасков, чија повреда е сериозна.
Македонија ќе мора без Дејан Манасков да одигра против Норвешка. Повредата на крило според првичните информации е лоша, станува збор скинат скинат мускул. Манасков на вчерашниот дуел против Исланд имаше незгоден доскок.
Повредата пак на Миркуловски е малку подобра, тој најверојатно ќе биде во составот.
Македонија и Норвешка играат утре попладне во Албервил од 16:00 часот.