Болт: Срцето ми плаче, но ќе го вратам медалот

Јамајканскиот атлетичар Усеин Болт е скршен поради тоа што остана без еден од своите девет олимписки медали. Болт остана без златото од штафетната трка 4х100 на Олимписките игри во Пекинг, меѓутоа не по негова вина туку по вина на неговиот колега Неста Картер, за кого е утврдено дека бил позитивен во повторната анализа на примероците од урина и крв. Освен Болт, без медалите останаа и другите членови на штафетата Асафа Пауел и Мајкл Фрејтер.

„Срцето ми плаче. Со години напорно работев да бидам првак и да освојувам златни медали. Многу сум разочаран, но, за жал, вакви работи се случуваат во животот. Морам да ја прифатам одлуката. Ми рекоа да го вратам златниот медал и ќе го направам тоа“, изјави Болт.

Олимпискиот комитет на Јамајка најави жалба на одлуката на МОК, меѓутоа мали се шансите да успеат да ги вратат медалите на триото атлетичари. И правниот тим на Картер исто така ќе се обиде да ја оспори одлуката на МОК.

Според новиот поредок, златото замина кај штафетата на Тринидад и Тобаго, среброто кај Јапонците, а бронзата кај Бразилците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...