Червар: Наскоро ќе биде и завршниот збор

Медиумите полека ги фаќа умор од вртење на фактите, статистиките и импресиите од настапот на македонската репрезентација на мундијалот во Франција. Веќе отупе и острицата на неуморните „коментатори“ на социјалните мрежи и пред да биде официјално спуштена завесата на јубиленото 25 светско првенство, останува уште да се огласат најкомпетентните. Селекторот Лино Червар и неговиот стручен тим на отчет пред РФМ и целата македонска јавност.

Од селекторот очекуваме да биде детален и (без никаков сомнеж дека ќе биде така) елоквентен во завршното излагање.

„Сè уште анализирам и подготвувам комплетен извештај за нашиот настап. Сакам прво да заврши мундијалот, да видиме како ќе пројдат битките за медал, па по тоа во брзо време ќе дадеме и завршен збор за нашиот настап на првенството“, вели Лино Червар.

Македонија мора да размислува три чекори напред за да биде во тек со светските случувања. Посебно кога е во позиција во каква што се наоѓа сега, а тоа подразбира делумна промена на генерацијата, малку поголема промена во стилот на играње, прилагодување и барање на бенефит од новите правила.

И фактот што ако на овој мундијал бевме тактичко изненадување, во мај и јуни, кога одново ќе се сретнеме со старите познаници од Исланд, Чешка и Украина, нема да бидеме никакво чудо. „Седум на шест“ во мај нема да биде нешто ново ни за Исланд, ни за неуморните чешки селектори, веројатно и неправдено „отпишаната“ Украина ќе има подготвено нешто дефанзивно во тој поглед.

„Мислам дека е многу рано да го отвораме тоа поглавје за јавноста. Сега е приоритет ова што се случува овде. Но, јасно одамна размислувам за тоа што ќе не чека во мај и јуни. Имам веќе во глава што треба да се направи дотогаш и како да се поставиме кога ќе дојде тој момент. Како ќе изгледа тимот, како ќе се насочиме кон иднината на македонската репрезентација“, вели Червар.

Мозаикот е значи подготвен, треба само да почнат да се ставаат парчињата кои ќе ја пополнат сликата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...