Швајцарските фанови наскоро ќе имаат шанса да гледаат документарец под името „Роџер Федерер“, кој ќе го опишува животот на освојувачот на рекордни 18 гренд слем титули. Идејата за филмот е тука веќе неколку години, кога режисерот Тис Лушер во 2012 година спомена дека работи на проектот од 2010 година, но дека не може да го комплетира филмот бидејќи тој не му се допаѓа на таткото на Федерер, Роберт Федерер.
Сепак, Лушер не се откажа и вели дека освојувањето на титулата од Австралискиот опен на Федерер, неговата рекордна 18-та титула, ги убедила продуцентските компании дека животот на Федерер е погоден за големото платно.