Хокејарите на Металург го освоија третото место на „Суботица Куп 2017“ кој се одржа во Србија. Најдобриот македонски колектив имаше скор од една победа и два порази, но, на мразот се појавија дефицитарни, односно во последниот меч имаа само седум хокејари на располагање.
Во првиот меч загубија од фаворитот Војводина со 3:9. Додека, пак, во вториот меч го несреќно беа поразени од Спартак во една неизвесна завршница со 3:4.
Последната средба, донесе прва радост за „металурзите“. Победа над Вукови Сараево со 5:2 за освојување на третото место на овој престижен турнир.
Трофејот, пак, замина во рацете на хокејарите од Војводина кои имаа перфектен скор од три победи.