Лазаров е хит во Франција: По Шамбери и Нант во лов на капитенот

Екипата на Шамбери прва се „отвори“ во приказната дека е заинтересирана за ангажман на Кирил Лазаров за следната сезона.



Но, Обрван и Брестовац добија сериозна конкуренција.

Претседателот на Нант за француските медиуми изјави дека и оваа екипа сака да го види Лазаров во своите редови.

„Лазаров е еден од најдобрите стрелци во историјата на ракометот. Со 36 години и 18 години во Лигата на шампионите, може да ни го донесе потребното искуство за големи натпреварувања“, изјави претседателот на Нант.

Но, заинтересирано неофицијално има и од Азурниот Брег, од екипата на С. Рафаел. Оваа екипа иако е легитимен вице-првак на Франција, не доби дозвола од ЕХФ да се натпреварува во ЛШ и место неа сега играат третопласираниот Нант и четвртопласираниот Монпеље.

Не би било чудно и Монпеље да влезе во оваа трка, што го прави Кирил Лазаров голем хит во Франција. Чекаме да видиме од каде сѝ ќе стигнат покани и што на крајот ќе одбере македонскиот ас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...