Вардар и ЧСМ „се тепаат“ за Неагу

Македонскиот првак ЖРК Вардар веќе го потврди своето ново големо засилување за следните две сезони, Драгана Цвијиќ, актуелниот пикер на Будуќност, а сè погласни се шпекулациите дека нејзината клупска колешка, Кристина Неагу е исто така пред потпис со „црвено-црните“. И додека Вардар во негов стил, молчи за целата ситуација, од друга страна романскиот и актуелен европски шампион ЧСМ Букурешт отворено потврдува дека е во интензивни преговори со нивната репрезентативка да се врати во својата земја. ЧСМ е во активно дефинирање на тимот за следната сезона, а ангажирањето на Неагу би значело зацврстување на бековската позиција, со оглед на тоа дека и шведската репрезентативка Изабел Гулден ќе го продолжи својот договор со Романците на уште две години.

„Трката“ за Неагу за двата клуба значи во своите редови да се донесе еден од најдобрите бекови во Лигата на шампионите и столбот на романската женска селекција.

Факт е дека Неагу во јуни ќе биде слободен играч со оглед на тоа дека во мај лани по „фајнал-форот“ црногорскиот првак Будуќност ги информирал сите ракометарки дека во иднина ќе смета само на млади играчи, и дека сите се слободни во изборот за нова средина по завршувањето на договорите. Цвијиќ со доаѓањето во Вардар и Катарина Булатовиќ со трансферот во Ростов Дон, само го најави одливот на искусни ракометарки од Будуќност. Црногорските колеги одат до таа прецизност во правењето простор за Неагу во Скопје, што веќе ги ставија на „излезна врата“ бековите Сања Дамјановиќ, Барбара Лазовиќ и Татјана Хмирова, кои се само дел од актуелниот играчки кадар на „црвено-црните“ на кои им завршуваат договорите летово. Со оглед на тоа дека Вардар е таинствен кога се трансферите во прашање, се е можно, но од друга страна колку за потсетување слична ситуација имаше и лани, кога беше најавено заминување (или не продолжување на договорите) на неколку ракометарки, па на крајот истите останаа да го носат вардаровиот дрес.

Дилемите по се изгледа ќе бидат решени во овие две недели пауза во главната фаза, а можеби пазарењето околу „тежината“ на договорот може и да продолжи со оглед на тоа дека тоа е пресудниот фактор пред да се стави потписот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...