Пик Сегед се добива со памет

ПИК СЕГЕД – ВАРДАР

Сабота, 17:30ч.

Спортска сала во Сегед, Унгарија. Судии: Евгени Зотин и Николај Володков од Русија. Делегат: Антонио Гулао од Португалија.



„Мора да бидеме паметни. Тие се добри во ситуација „еден на еден“, но ако одиграме добро во дефанзивата и му отвориме простор на нашиот контранапад, нема да има проблем“, смета Александар Деревен



На четири кола до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите Вардаровите ракометари се пред одлична можност да продолжат да гледаат на чист пат кон четвртфиналето. Но, за да остане видикот од лидерската позиција во групата Б, ќе мора да го одработат на високо ниво, можеби едно од најтешките гостувања сезонава, кај унгарскиот вицешампион, Пик Сегед. Тимот на Хуан Карлос Пастор се покажа како „тврд орев“ во групата, а во досегашниот тек од натпреварувањето единствено Келце знаеше како да победи на жешкиот терен во Сегед. И тие како и Вардар, заедно со Келце и РНЛ се во игра за едно од двете водечки места, кои овозможуваат полесно да се стигне до четвртфиналето. Токму поради тоа, в сабота Вардар го чека меч на „нож“ со многу борба, дуели и „мртва“ трка за бодовите, со оглед на тоа дека се судираат две екипи кои имаат ист или сличен систем на игра, бидејќи Пастор и стратегот на Вардар, Раул Гонзалез потекнуваат од иста школа.

И во една таква ситуација кога играат два тима кои предобро се познаваат и кои имаат тренери кои негуваат сличен ракомет, најдобрата опција е да се гледа сопствениот двор, односно играта која екипата ќе ја пренесе на теренот.

„Се концентрираме на нашата игра, особено на одбраната. Таа ќе ни биде најважна за да си овозможиме брз контранапад и лесни голови. Пик Сегед е незгоден ривал, тежок противник, со кој игравме тесен меч и во Скопје, а сега на гостински терен дополнително ќе биде пеколно. И за нив, како и за нас, бодовите се многу важни во таа трка за подобро место на табелата.

Сегед игра добро во ситуација „еден на еден“ и многу комбинираат со пикер, а тоа се позициите кои треба да ги затвориме за да се одбраниме. Ако бидеме паметни и она што го бара Раул од нас го пренесеме на теренот мислам дека нема да имаме проблем“, заклучува вардаровиот бек Александар Деревен.

Вардар и Пик Сегед втора сезона во низа се конкуренти во групната фаза од најсилното европско клупско натпреварување, а „црвено-црните“ имаат скор од 3-0 во победи против унгарскиот тим. Во првиот меч сезонава, на средината на октомври лани, во Скопје, Вардар славеше со 30-27, но во тимот не беше екс-вардарецот Сергеј Харбок, кој е еден од главните играчи на Пик Сегед.

Македонскиот првак денеска попладне лета за Белград, а потоа од таму со автобус патува за Сегед, додека мечот е закажан за в сабота (17:30 часот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...