Червар: Публиката е заслужна за нашата победа против Горење

Ракометарите на Металург со победа над Горење 28-26 го заокружија својот настап на домашен терен. Тренерот на Металург и македонски селектор, Лино Червар смета дека покрај борбеноста која ја прикажаа неговите избраници во второто полувреме, голема заслуга за победата имаат и навивачите на тимот од Автокоманда.

- Горење во поголемиот дел од средбата имаше предност. Знаев дека во второто полувреме без поголемо залагање не ќе можеме да направиме пресврт. Одигравме поконцентрирано и поборбено, па тоа стана решавачко за пресвртот. На крајот, кога успеавме да го свртиме мечот во наша полза, покажавме дисциплина и покажавме дека мечот никогаш не беше готов. Голема заслуга за нашата победа има публиката. Драго ми е што на домашен терен ја завршивме СЕХА лигата со победа. Тоа е сигурно убава работа. Наше е да продолжиме да се бориме и на последните два меча, изјави Червар по натпреварот.

И младиот голман на Металург, Мартин Томовски не го криеше задоволството од победата во последниот меч пред домашната публика.

- Желбата за победа беше поголема кај нас. На почетокот отворивме лошо, но во вториот дел се стабилизиравме. Се играше гол за гол, за крајот ние да се радувавме. Мило ми е што е така, затоа што ова беше последен дуел од СЕХА-лигата на домашен терен за нас во оваа сезона, изјави Томовски.

На металург му преостануваат уште два натпревари во СЕХА конкуренцијата и тоа на гостински терен против Извиѓач на 28 февруари и Нексе на 7 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...