Триумфално „збогум“ за Металург

МЕТАЛУРГ – ГОРЕЊЕ 28:25 (14:15)

СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 1.500. Судии: Новица Митровиќ и Миљан Весовиќ од Србија.

МЕТАЛУРГ: Арсиќ 10 одб. (1 сед.), Томовски 4 одб., Петров 3/4, Дрогришки 1/1, Младеновиќ 1/2, Костески 0/1, Обрадовиќ 5/10 (2/2), Кузмановски 5/7, Илиќ 7/7 (3/3), Пеценковски, Нелоски 2/2, Велковски 2/4, Палевски, Јусуфнеџад, Гуглета 2/2, Арсеновски.

Седмерци: 5/5. Исклучувања: 6 мин.

ГОРЕЊЕ: Ферлин 7 одб., Запонсек, Базник, Цехте 1/5, Медвед 2/5, Овничек, Левц, Стојнич, Тоскиќ 4/7, Митровиќ 5/10, Поточник 8/11, Голчар, Клец, Гамс 0/1, Носан 1/1, Брумен 4/8 (2/3).

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 мин.

Фантастични завршни 15 минути имаа „металурзите“ предводени од Вања Илиќ во кои победнички се одјавија од меѓународната сцена за оваа сезона

Подобро „благодарам“ за целокупната поддршка на своите фанови во меѓународните натпреварувања сезонава ракометарите на Металург не можеа да подарат. Триумф над Горење, 28:25, во последниот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ во СЕХА лигата, кој воедно претставуваше и одјавија од меѓународната сцена за оваа сезона. Тимот на Лино Червар знаеше дека го чека тешка битка против словенечкиот вицепрвак, но остана истраен до самиот крај, а токму завршните 15. минути од средбата беа тие кои го одлучија победникот. „Сино-белите“ одиграа вратија од негатива од четири гола (19:23). Пресвртот го предводеше Вања Илиќ, кој покрај реализацијата, на двапати во низа украде топка од противникот и асистираше прво на Гуглета, а потоа и на Кузмановски за 22:23 во пресрет на последните десет минути од мечот.

По тајм-аутот на Горење, Томовски блескаше на голот (четири интервенции), а Металург дури во третиот обид успеа да изедначи преку Дрогришки, 23:23, за вистинска драма во финишот. Гол за гол се играше до крајот. Трагичар кај Горење беше Матјаж Брумен, кој не успеја да реализира пенал на две минути до крајот (стрелаше над голот). Како „јагода на шлагот“ дојдоа двете атракции на „металурзите“, цепелин на Илиќ и Кузмановски, односно на Обрадовиќ и Нелоски со кои беше запечатен триумфот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...