Цонга со хет-трик, Свитолина во топ 10

Жо-Вилфрид Цонга првпат во кариерата освои две титули во низа откако го совлада својот сонародник Лукас Пуј со 6:4/6:4 во финалето на Опен 13 во Марсеј. Светскиот рекет број 11, Цонга, е во одлична форма на стартот на сезоната, стигнувајќи до 17 победи и освојувајќи две титули во две недели откако триуфмираше и во Ротердам пред една недела.

Ова е 14. титула во кариерата на Цонга, трета од Марсеј (по тие во 2009 и 2013), и вкупно седма во неговата татковите. Ова исто така е прва сезона со повеќе од една титула за Французинот од 2012 година.

Цонга беше недопирлив на свој сервис губејќи само шест поени на своите гемови и во ниту еден момент не дозволувајќи брејк-поен. Пуј не играше лошо, но не можеше да го држи темпото на својот поискусен сонародник.

Цонга ќе добие 250 АТП поени и 110.665 евра како награда и би требало да се врати во топ 10, односно на седмото место на следната АТП-листа.

Украинката Елина Свитолина ќе дебитира во топ 10, откако ја освои втората титула во 2017 на Дубаи шампионатот, совладувајќи ја Данката Каролине Вознијацки со 6:4/6:2.

„Навистина ми олесна кога дознав дека ќе бидам во топ 10 бидејќи постоеше притисок. Дождот не помогна“, вели Свитолина, за која ова е шеста АТП титула и втора во 2017 по трофејот од Тајванскиот опен. Таа има низа од 12 победи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...