Вардар си „гази“ кон четвртфинале

ВАРДАР – ЦЕЛЈЕ 35:30 (20:15)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 4.500. Судии: Зигмарс Сандорс и Ренар Лицис од Летонија. Делегат: Марек Горалчук од Полска.

ВАРДАР: Штербик 12 одб. (1 сед.), Ангелов 5 одб., Стоилов, Мораес 3/4, Македа 0/1, Деревен 1/3, Карачиќ 5/7, Душебаев 8/10, Абутовиќ, Кањељас 1/4, Циндриќ 0/1, Чупиќ 2/2, Дибиров 6/8, Шишкарев 6/6, Борозан 0/1, Марсениќ 3/5.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 мин.

ЦЕЛЈЕ: Гајиќ 5 одб., Лесјак 6 одб., Малус 2/2, Бабаркас, Јанц 4/9, Разгор 3/3, Сухолезник, Маргуч, Гросељ 1/2, Потеко 1/1, Зарабец 2/2, Кодрин 1/2, Мацковшек 3/9, Млакар 8/9, Жвижеј 1/3, Бечири 4/5.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 6 мин.

Ракометарите на Вардар продолжуваат сигурно да чекорат кон потврдата на првото место во групата Б во Лигата на шампионите, откако викендов го совладаа Целје, 35:30 во СЦ „Јане Сандански“. Македонскиот првак ја запиша третата победа во низа по продолжението на групната фаза во најсилното европско клупско натпреварување и се врати на првото место на табелата во своето друштво. За да го потврдат директниот пласман во четвртфиналето, последниот филтер на патот кон Ф4 во Келн, на „црвено-црните“ им се неопходни уште два триумфи, на гости кај БГК Мешков следниот викенд, односно против Кристијанштад во Скопје, на затворањето на оваа рунда од натпреварувањето.

КАКО ДА ИГРАА ФИНАЛЕ



Најавија Вардаровите ракометари дека натпреварот со Целје ќе биде како финале за нив, поради важноста на бодовите, а токму таков беше и нивниот пристап. Шишкарев го отвори дуелот со погодок, па иако одбраната на Гајиќ им овозможи на Млакар и Мацковшек да ја донесат првата предност од 1:2 за Целје, на спротивната страна експресен одговор дојде од Душебаев и Карачиќ за пресврт 3:2. Штербик најави уште едно блескаво издание откако го запре седмерецот на Жвижеј, но откако Дибиров во контра пропушти да го совлада Гајиќ, Јанц го донесе последното изедначување 3:3.

Чупиќ беше беспрекорен од линијата седум метри (2/2), а одличната одбрана на неговите соиграчи му овозможија на Душебаев да „лета“ низ теренот и со три погодоци во низа, да направи серија од 4-0 (7:3), која покажа во каков правец ќе се движи дуелот. Поддршка стигна од Дибиров, кој украде топка и во контра ја задржа предноста на Вардар, а по интервенцијата на Штербик, уште еднаш стрелаше без проблем, 9:5.

По исклучувањето на Стоилов, Јанц успеа да „врзе“ два погодоци и да намали на 10:8 во средината на полувремето.

МОРАЕС-ШИШКАРЕВ-ШТЕРБИК

Вардарци беа на ниво на задачата, па сите обиди на Целје да се доближи беа брзо запрени. Немаше загубена топка за „црвено-црните“. Шишкарев собра еден „отпадок“ по интервенцијата на Гајиќ за да ја задржи предноста од четири гола. Одново се јави Штербик, со три едноподруго одбрани, Мораес делуваше незадржливо на линијата и Вардар за првпат се најде на +6 (16:10). Ваквата предност помалку или повеќе македонскиот првак ја задржа до крајот на полувремето. Разгор погоди непосредно пред сирената, па Целје со пет негатива, 20:15 замина на одмор.

НЕПОТРЕБНА НЕРВОЗА

Расплетот беше познат уште по првите 30 минути, но желбата на Словенците одново да приредат сензација, како и на вардарци да дојдат до полн плен внесоа некоја непотребна нервоза на теренот. И додека резултатот се движеше во полза на „црвено-црните“ стигна заемно исклучување на Борозан и на Потеко, поради туркање на линијата и разговор на неспортски тон. Малку подоцна и Јанц беше исклучен, па тоа донесе некое недоразбирање на записничката маса и семафорот, па неколку минути принудно се паузираше. И кога се мислеше дека натпреварот може да продолжи, дојде непотребна нервозна реакција од клупата на Целје, тренерот Бранко Тамше заработи жолт картон, а Раул Гонзалез одигра паметно, побара тајм-аут, за да ја „спушти топката“ и да ги смири своите играчи кои имаа се и резултат и игра во тој период од натпреварот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...