Дибирова: Да ја средиме тактиката и ќе биде добро

Новиот тренер на ЖРК Вардар Ирина Дибирова го одработи првиот тренинг со тимот од кој очекува да се врати на победничките патеки веќе утре на натпреварот со Турингер.

- Голем предизвик е ова. Не знам што да очекувам јас како тренер бидејќи првпат сум во оваа позиција, но од девојките сигурно е дека очекувам да играат добро, да бидат среќни во нивните настапи и да ја израдуваат публиката. Сега ништо брзо не може да се се смени. За понатаму ќе видиме, вели Дибирова по првиот тренинг како главен тренер на македонскиот првак.

Таа ќе раководи со екипата која трипати по ред игра на Ф4 турнирот во Будимпешта, сепак вели дека не чувствува притисок, и дека секој тим и играч секогаш може да играат подобро.

- Можеби е добро, бидејќи не сум била досега тренер, и немам притисок. Јас размислувам како играч, но треба да размислувам и како тренер. Имам добра помош од Ацо Станковски и Едуард Кокшаров. Секоја екипа може подобро да игра, па и Вардар. Имаме одлични играчи со добар квалитет, и треба само да ја средиме малку тактиката и ќе биде добро. Сакам да играме и поагресивно, по борбено, вели Дибирова.

Дибирова на клупата на „црвено-црните“ ќе дебитира утре на меч од лигата на шампионите против Турингер. Натпреварот се игра од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...