Талески и натаму рекордер во ЛШ

Поранешниот ракометар на Металург, Филип Талески, е играчот што постигнал најмногу голови на еден натпревар во Лигата на шампионите во машка конкуренција годинава.

По завршување на групната фаза од Лигата на шампионите, ЕХФ излезе со статистика, во која се издвоија и македонските тимови Вардар и Металург, но на која доминира и Филип Талески.

Поранешниот ракометар на Металург е играчот што постигнал најмногу голови на еден натпревар во Лигата на шампионите во машка конкуренција годинава. Новиот бек на РНЛ беше стрелец на 13 гола на натпреварот меѓу Металург и Елверум. Интересно, во ЛШ сезонава само 9 меча завршиле со двоцифрена разлика. Највисокиот пораз, од 18 гола разлика го доживеа (внимавајте) – Кил (24:42) на гостувањето во Париз.

Најмногу и најмалку голови на еден натпревар од ЛШ, по завршувањето на групната фаза „паднале“ во Скопје. Најмногу голови имаше на натпреварот Вардар-Келце (40:34), а најмалку на натпреварот Металург- Елверум (18:17). Металург притоа е екипата која примила најмалку голови на еден меч во ЛШ сезонава, споменатиот меч со Елверум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...