Лино Червар: Со Металург ќе биде полесна разделбата

Лино Червар најави дека Металург треба да си бара нов тренер.

Лино Червар полека излегува од медиумската (само)изолација и пред да почне да им ја сервира патриотската приказна на новинарите во Хрватска, проговори за разделбата со Македонија, поточно за вознобновената љубов со Хрватска.

-Мислам дека сè коректно направивме. Одлуката не беше лесна, но Хрватска е мојата „домовина“, го кажав тоа и во Македонија, која ме задолжи и верувам дека ќе останеме во одлични релации, изјави Червар за „Јутарњи“.

Прашањето за милион долари беше:
Како ќе оди ситуацијата со разделбата во Металург?

- Ма, тоа ќе оди многу полесно, иако приказната е слична. Тука нема големи проблеми.

Што сакаше да каже писателот е прилично јасно, иако има едно неодговорено прашање. Кога ќе си замине од Металург? Веднаш или во јуни?

Нашите официјално непотврдени информации, велат дека Лино се подготвува да се врати назад со екипата која во сабота треба да пристигне од Пореч во Скопје. Па, останува да видиме дали навистина ќе дојде во Скопје или како што велат Хрватите во петок треба да пристигне во Загреб.

Како и да е, јуни или сега, сосема извесно завршува ерата на Лино Червар во Македонија. Имаше и добри и лоши моменти, но веројатно, ќе остана запаметен по начинот на кој заминува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...