Ѓоргиев „стрелаше“ директно во финале

Во својата втора сезона на јапонска сцена македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргиев и неговиот Торај Ероус се на чекор до двојната круна. Капитенот на националниот тим имаше фантастична вечер и постигна 30 поени (29 напад и еден сервис) и беше „моторот“ за убедливата победа од 3:0 во дербито со Тојота, со која обезбедија директен пласман во финалето на јапонското првенство.

„Успеавме да се пласираме во финалето и тоа со директна победа над главниот конкурент Тојота... Пресреќен сум! Како екипа одигравме одлично и бевме во најдобрата форма во вистинско време. Сега ни претстојат две недели за одмор и за добри подготовки за финалниот двомеч, во кој противникот треба да го добиеме следниот викенд, победникот од Тојота и Стингс. Вчера славевме, а од утре влегуваме во сала и ќе ја темпираме формата за финалето. Ќе се бориме за нов златен медал и секако дека мотивацијата е на високо ниво и треба да бидеме подготвени за голема и жестока борба“, вели Никола Ѓоргиев по пласманот во финалето.

На почетокот на сезонава Ѓоргиев и Торај го освоија Царскиот куп, што беше само најава дека македонскиот репрезентативец ќе го напаѓа врвот во Јапонија.

Популарниот Нико лани се одлучи да стане „самурај“, а во премиерата на Торај му донесе пласман во полуфиналињата и бронзен медал на тимот, за оваа година да се крене ниво повисоко и да влезе во клупската историја на јапонскиот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...