Брест го чека најдоброто од СЕХА

Од минатата недела беше познато дека белорускиот претставник во СЕХА Газпром лигата, БГК Мешков и градот Брест ќе бидат домаќини на СЕХА Ф4 турнирот, но вчера тие ја имаа и официјалната промоција. Брест ќе го пречека најдоброто од регионалното натпреварување викендот од 7 до 9 април, каде покрај домашниот претставник уште ќе ги гледаме и македонскиот првак Вардар, двократниот бранител на титулата Веспрем, како и хрватскиот шампион ППД Загреб.

БГК Мешков со исклучок на првата сезона, во сите останати е редовен учесник во завршницата, а сега се надева дека на домашен терен ќе може да ги израдува фановите и со пехар.

„Огромна чест за нас е организацијата на Ф4. Тоа ќе биде голем празник за нашиот град и фановите. Ќе се обидеме да ја организираме завршницата на највисоко ниво. Постојани учесници сме на финалните турнири, но никогаш досега не сме успеале да го кренеме пехарот. Се надевам дека тоа ќе го сториме пред домашна публика“, изјави спортскиот директор на БГК Мешков, Павел Башкин, при официјалното претставување на градот домаќин.

Полуфиналните натпревари во кои ќе се соочат Вардар и ППД Загреб, односно БГК Мешков и Веспрем се закажани за петок (7 април), додека мечот за третото место и финалето се играат во недела (9 април).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...