Томи тргна победнички

Томислав Јотовски имаше одличен старт на фјучр турнирот во Хамамет, Тунис, вреден 15.000 американски долари. Во првото коло нашиот најдобар машки тенисер го победи домашниот претставник Јусеф Дабаби со 6:2, 6:1 во гејмови.

Томи не дозволи никакво изненадување од страна на противникот, кој на турнирот настапи со добиена вајлд карта.

Во второто коло, Томи ќе се соочи со Бразилецот Никола Сантош, кој е осми носител на овој фјучр турнир.

Покрај Јотовски, на овој турнир настапува и Шендрит Деари, кој денеска, во првото коло ќе се соочи со седмиот носител, Шпанецот Пол Толедо Баге.

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, пак, како втора носителка од денеска ќе се активира на фјучр турнирот во Санта Маргерита Ди Пула во Италија. За Лина ова е прв турнир по повредата на дланката, а на самиот старт ќе се соочи со Украинката Катарина Заватска која својот пласман во главниот турнир го избори преку квалификациите.

Наградниот фонд на овој турнир изнесува 25.000 американски долари додека, победникот на своето конто ќе додаде нови 50 ВТА поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...