Кој ќе игра во СЕХА следната сезона?

Големата разврска во Металург по прашањето на тренер, играчи, финансирање и така натаму треба да се случи најдоцна до утре. Барем според најавите, а како ќе биде – ќе видиме. Амбиентот не беше сериозно нарушен, од почетокот на неделата значително се подобри, а играчите се поголеми оптимисти откако се вратија во Скопје, но, сепак, треба да се исполни ветеното. А петок е денот „Д“.

Ако Лино Червар остане, а Металург остане на нозе, тогаш веројатно и следната сезона во СЕХА лигата ќе играат Вардар и Металург.

Местото на Вардар би рекле дека е загарантирано, но Металург можеби повторно ќе треба да се „кали“ низ домашното првенство како што беше случај пред две сезони. Тогаш правилата беа поинакви, во СЕХА се пласираа двете најдобри екипи.

Но, откако Зомимак (Макс Струмица) се покажа како несериозен партнер, СЕХА ги промени правилата и донесе одлука во лигата да се натпреваруваат екипи кои (ако можеме така да дефинираме) ќе добијат покана.

Тоа е сосема легитимно, посебно затоа што и ЕХФ откако го промени форматот на натпреварување, воведе критериуми кои не се засноваат на пласманот на екипите во првенството, туку на организацијата на клубот. Му се допаѓало тоа некому или не, и тоа е сосема легитимно. ЕХФ реши да го заштити својот продукт, а конечно и му дојде преку глава да се расправа со клубови кои немаат сала, не можат да обезбедат тв пренос, постојано се проблематични и така натаму.

Македонија како основач има загарантирано две места во СЕХА Гаспром, а сериозна конкуренција на Металург би можел да биде Пелистер. Ќе имаат реновирана сала што е еден предуслов, но потребно е многу повеќе вложување во играчкиот кадар и ред други работи пред да може рамноправно да аплицираат.

На крајот на денот, се чини дека се е во рацете на Металург, односно на сопственикот Минчо Јорданов од кого се очекува да го издигне клубот кој играчки е сосема солиден, но се наоѓа на важна и опасна раскрсница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...