Вардарци: „Загреб треба да плати за сè“

Ракометарите на македонскиот првак се максимално мобилизирани периодот и сериозно работат на темпирањето на формата со која ќе влезат во главните битки за регионалниот пехар на „фајнал-фор“ турнирот во Брест закажан за почетокот на следниот месец. Веќе е познато дека Вардар во полуфиналето ќе се соочи со ППД Загреб, ривал кој не може да се избегне кога е во прашање СЕХА Ф4, со оглед на тоа дека ова ќе биде четврти пат двата тима да се соочат во оваа фаза од завршницата. „Плинарите“ сезонава беа непријатно искуство за вардарци, кои претрпеа два порази, еден во Лигата на шампионите и единствениот негативен резултат во Регионалната лига го имаа токму на гостувањето во Загреб. Сега, на неутрален терен „црвено-црните“ ќе имаат многу причини за израмнување на сметките.

„Загреб ни стана како традиција во СЕХА ’фајнал-форот’. Комплетно сме фокусирани на дуелот со нив. Тоа е примарно, да се помине Загреб, а потоа да се мисли на противникот кој ќе нè чека во финалето. Целта е да ја освоиме СЕХА титулата и сите сме максимално концентрирани и работиме во таа насока.

Загреб се покажа како незгоден противник за нас сезонава. Претрпевме порази од нив и во Лигата на шампионите и во СЕХА и сега имаме одлична можност да им вратиме за сè. Верувам и дека ќе го сториме тоа“, вели Вуко Борозан, бекот на Вардар.

Македонскиот првак има уште две недели за оптимално да се подготви за шестиот регионален завршен турнир, на кој ќе ја бркаат третата титула во ова натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...