Шарапова смета дека е помоќна по допинг-суспензијата

Марија Шарапова вели дека е возбудена пред кам-бекот на тенисот следниот месец, чувствувајќи се оправдана по намалувањето на нејзината допинг-суспензија и враќајќи се помоќна на теренот.

Поранешната светска тенисерка број 1 доби двегодишна суспензија за позитивниот тест на мелдониум на Австралискиот опен во 2016 година откако го земаше средството 10 години, а тоа стана забрането од 1 јануари 2016 година. Таа постојано тврдеше дека е невина, објаснувајќи дека не добивала доволно совети за промената и Судот за арбитража во спортот (ЦАС) ја намали нејзината казна на 15 месеци во одлуката проценувајќи дека не верува дека Русинката „намерно се допингувала“.

„Иако во моментов сум во делот од мојата кариера кој е поблизок до крајот отколку почетокот, секогаш сакате да завршите одреден дел од животот под своја контрола. Затоа толку страсно се борев да се слушне вистината“, вели петкратната гренд слем шампионка на АНА Инспајринг вумен конференцијата во САД.

Нејзината казна ќе заврши два дена по стартот на Порше ГП турнирот во Штутгарт на 24 април, и таа доби вајлд-карта од организаторите, кои го закажаа нејзиниот прв меч в среда. Дел од тенисерките се пожалија дека вајлд-картите и даваат предност на Шарапова, која веќе 11 години едноподруго е спортистката со најголема заработувачка во спортот.

На Шарапова не ѝ пречат непријатните коментари и не се грижи околу приемот кој ќе го добие.

„Кога го сакате тоа што го правите и тоа го правите со страст и интегритет, работејќи на теренот број 28 кога никој не гледа, тогаш знаете кои сте“, вели Шарапова, која ќе наполни 30 години на 19 април.

Паузата од тенисот таа ја искористи за курс на Харвард за глобален бизнис, 10-дневна школа во Лондон за лидерство, а работеше и со комесарот на НБА, Адам Силвер.

„Научив дека животот може да биде ОК и без тенисот. Тоа ми даде моќ. Но, последните четири месеци работев напорно и едвај чекам да се вратам“, вели Шарапова, која најави дека во септември ќе објави авто-биографија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...