Червар: Го победивме богатиот Вардар

Големиот триумф над Вардар (29-26), го инспирираше Лино Червар. Искусниот стратег победата им ја препиша на неговите херои, а ја искористи шансата да му честита на Раул Гонзалез и да испрати порака до Гино Стрезовски.

-Секоја чест за ракометарите на Металург тие се херои, а јас не сакам ништо освен почитување. И покрај тоа што клубот се наоѓа во една лоша ситуација, ние успеавме да го победиме богатиот Вардар, практично ова беше дуел на сиромашен и богат. Се надева дека и во следните натпревари ќе не служи ваквата добра игра и ќе успееме да оствариме победи. Благодарност до публиката која е зад нас, бидејќи доаѓаше и на натпревари коишто не беа резултатски важни за Металург и навиваа за тимот, а јас притоа ниту еднаш не бев навредуван, ниту пак на денешниот меч каде што видовме што се случи“, рече за мечот Лино.

Искусниот стратег најпрво му возврати на провокацијата на Гино Стрезовски, а потоа му честиташе на неговиот наследник на селекторското место, Раул Гонзалез посакувајќи му успех.

-Сакам да му порачам на Гино Стрезовски кој на Управниот одбор на РФМ кажа дека Македонија играла најселски ракомет на СП, се надевам дека ја виде оваа денешна претстава против Вардар и дека ќе ја имплементира на факултетот каде што предава. На Раул му посакувам се најдобро, ќе навивам за Македонија на Европското првенство. Што се однесува до изборот мора да ме сфатите, ја одбрав мојата татковина каде што се докажав како тренер. Јас кога дојдов да бидам селектор во Македонија беше по неуспешниот олимписки циклус, атмосферата во тимот беше на ниско ниво, а воедно беше таа промена на генерациите. Имавме многу дебитанти на СП во Франција и покрај сите проблеми што ги имавме мислам дека одигравме одлично. Неправедно е да бидам нападнат од некои луѓе што се дел од федерацијата, а притоа да не можам да се одбранам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...