Вардарки влетаа во Ф4

ЖРК Вардар по четврти пат ќе учествува на Фајнал фор турнирот од Лигата на шампионите, откако и во вториот меч против данскиот Митјиланд стигна до победа од два гола разлика од 26:24

Иако на моменти изгледаше дека се е загубено за „црвено-црните“, македонските шампиони со интересен финиш на натпреварот стигнаа до победа и се квалификуваа за дуелот на елитните четири женски клубови во Европа во Будимпешта.

Лакрабер со удар од седум метри го отвори резултатот, додека веднаш потоа следеше погодокот на Радичевиќ. Сепак, Митјиланд ја одржуваше резултатската неизвесност. Двата голмани имаа одличен почеток и запишаа неколку важни интервенции.

Но, во последната третина, вардарки влегоа во неверојатна серија на грешки, кои за среќа не беа целосно искористени од противникот. Резултатот од 10:9 на семафорот се задржа од 19. до 27. минута. Потоа гостите преку Блом успеаја да израмнат, а Лекиќ веднаш донесе ново водство на Вардар. Сепак, Митјиланд во завршницата преку Кристијансен и Блом успеа да направи целосен пресврт и на пауза да замине со водство од 12:11.

За прв пат, Вардар дојде до посакуваните плус три откако Човиќ даде гол за 24:21 во 53. минута. Но, повторно, наместо сигурна завршница, „црвено-црните" му дозволија на противникот да дојде на минус еден (25:24). Веќе беше јасен патникот на Ф4, додека остана уште само нејаснотии околу конечниот резултат. Андреа Лекиќ стави печат на триумфот од 26:24.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...