Шанса за реванш, Вардар повторно против ЧСМ

Не само што истите четири екипи од минатата година и оваа ќе играат на Фајнал-фор турнирот на Лигата на шампионите туку и во Будимпешта ќе се репризира и полуфиналето.

Вчера со ждрепка беа одредени паровите за првиот натпреварувачки ден, а среќата сакаше одново противници да бидат Вардар и ЧСМ Букурешт, односно Будуќност и Ѓер.

Се надеваме дека со ова ќе заврши репризирањето на ланските настани и дека полуфиналните средби ќе имаат поинаков епилог.



И оваа година Вардар организираше заедничко следење на ждрепката за „Ф4“, но за разлика од лани, кога завладеа еуфорија по дознавањето на противникот, сега ситуацијата беше сосема поинаква.

„На фајнл фор нема слаби екипи. Не сме ниту радосни ниту тажни за противникот. Мора да се фокусираме на нашата игра“, изјави Ирина Дибирова, која ја има улогата на прв тренер на Вардар и, најверојатно, ќе биде на клупата на „црвено-црните“ во Будимпешта, што ќе биде и нејзино тренерско деби надвор од Скопје.

ЧСМ е екипа која е подобар избор на пример од Будуќност, но не би ја одбрале пред домашниот Ѓер на пример. Минатата година беа најголемите аутсајдери во Будимпешта, но дома си заминаа со шампионскиот пехар. Патем во полуфиналето го совладаа Вардар, и тоа доминантно, без во ниту еден момент да ја доведат победата во прашање.

КОЗМЕТИЧКИ ИГРАЧКИ ПРОМЕНИ

Сменети се доста работи од тогаш, иако тимовите на прв поглед не изгледаат многу различно. Од ЧСМ си замина квартетот на бразилски ракометарки. Ги нема веќе Ана Паула, која беше нејефикасна на споменатото полуфинале, по тоа Пешоа ,која дојде во Вардар, а ги нема ни Каваљеро ниту Де Силва. Ја нема ниту Лине Јоргенсен. Таа фигурира во тимот, но повредена е долго време и нејзиниот договор со ЧСМ е под прашалник доколку не успее да заздрави навреме за следната сезона. Има две француски репрезентативки на левата и десната бековска позиција. Тоа се Камил Ајгло и Гножан Номбла, а замената за Пешоа е романската голманка Паула Унгуреану.



Споменатите бекови со Изабел Гулден на средина, Кармен Мартин на позиција на десно и Мајда Мехмедовиќ на позиција лево крило ја формираат првата постава. Тука се уште и Манеа и Лобах на пивотменската позиција и Јелена Грубишиќ на голот.

ЕКИПА ЧИЕ ВРЕМЕ ДОАЃА

ЧСМ лани ги изненади сите со триумфот во Лигата на шампионите, па доцна стигна и вниманието, посебно финансиското. Ќе имаат голем буџет, за следната сезона. Веќе почнаа и да го менуваат тимот. Така следната сезона кај нив доаѓа Кристина Неагу, трикратно продласувана за најдобар светски играч. Јоргенсен веројатно си оди, но доаѓа Аманда Куртовиќ, доаѓа и Марит Фрафјорд на линијата и Натали Хагман на десно крило, на местото на Кармен Мартин. Имаат пикирано четири играчи, а веројатно ќе докупат и уште некоја.

Тренерот гарантирано им се менува, а на местото на Пер Јохансен ќе дојде Хеле Томсен.

НЕУБЕДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ

ЧСМ во Лигата на шампионите годинава почна „бавно“. Резултатите не соодветствуваа како за ракометен шампион, па има и порази од Митјиланд и Ларвик, вклучително и два порази од Ѓер. Но, ако треба да се внимава на моментот дека формата на ЧСМ оди во нагорна линија што беше комплетирано со две победи во 1/4 финалето на ЛШ и тоа над екипата на ФТЦ, тим кој една недела претходно му одзема на Ѓер еден пехар, од домашниот Куп.

Претстојат интересни натпревари, на кои се надеваме дека по четврти пат ќе видиме македонска екипа во финалето на Лигата на шампионите. На 6 мај се играат полуфиналните натпревари, ден подоцна натпреварот за трето место и големото финале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...