„Кралот“ Надал се намачи, Мареј немаше проблем

Освојувачот на рекордни девет титули од Мастерсот во Монте Карло, Рафаел Надал се намачи да го помине првиот меч против Британецот Кајл Едмунд, додека светскиот рекет број 1, Енди Мареј, подолгата пауза ја прекина со релативно лесна победа над Жил Милер.



Надал, кој е четврти носител, сега има 59-4 скор на Мастерс 1000 турнирот во малото кнежевство, откако прво започна фуриозно, но потоа се намачи за победа од 6:0/5:7/6:3 во меч од 2 часа и 19 минути. Следен за него е Германецот Александер Зверев.

„Кралот на земја“ Надал во првиот сет загуби само три поени на свој сервис за по 10-ти пат да додели „нула“ на играч на Монте Карло Кантри клубот. 22-годишниот Едмунд се врати од 1:2 негатива до 4:2 водство во вториот сет, но Надал се врати да израмни во вториот сет. Меѓутоа, Едмунд продолжи да го „притиска“ Шпанецот и го искористи првиот сет-поен за израмнување.

Сепак, Надал во финишот се покажа како подобар тенисер во својот 400. меч на земја, за да го подобри скорот на 366-34, или победи во 91.5% од мечевите.



Светскиот рекет број 1, Енди Мареј, се врати на тениските терени на Мастерсот во Монте Карло со 7:5/7:5 победа над Луксембуржанецот Милер. Мареј, кој го пропушти Мастерсот во Мајами поради повреда на лакотот, ја стартуваше сезоната на земја во малото кнежевство и иако загуби два брејка против упорниот Милер, на крајот направи четири брејка за да забележи победа и да обезбеди дуел со Шпанецот Алберто Рамос-Вињолас.

„Тежок прв меч во кој започнав доста споро и не сервирав добро. Почнав да сервирам со полна брзина пред само четири-пет дена и знаев дека ќе ми треба време да се вратам во ритам. Во финишот бев малку подобар“, вели Мареј.

Во третото коло е и шампионот од Ролан Гарос од 2015, Швајцарецот Стен Вавринка, по 6:2/4:6/6:2 победата над Чехот Јиржи Весели. Трикратниот гренд слем шампион изгледаше супериорно во првиот сет, но потоа неговото ниво падна и му дозволи на Весели да се врати во игра. Следен за Вавринка е Уругваецот Пабло Куевас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...