Лина и Томи возат фино кон титулите

Најдобрите македонски тенисери, Лина Ѓорческа и Томислав Јотовски бележат одлични настапи на фјучрс турнирите во Швајцарија, односно Турција.

Ѓорческа која е активна на натпреварувањето во Кијасо, вредно 25 илјади американски долари, се пласираше во самата завршница од двете конкуренции и се надева одличните настапи може да ги потврди со титула.



Во поединечната конкуренција, нашиот рекет ќе игра во четврт-финалето откако вчера ја совлада домашната тенисерка Клара Грим со 6:2, 6:3. Противник во наредната фаза ќе и биде Катинка вон Дихман од Лихтенштајн.

Кога станува збор за настапите во дубл, Македонката игра заедно со Александра Најденова од Бугарија, каде што и таму бележи одлични резултати. Обезбеден е пласман во полуфиналето откако вчера беа подобри од домашниот пар Ин Албон и Кенел со 6:3, 6:2. За пласман во финалето и борба за титулата, Лина и Александра ќе се соочат со Миртил Жорж од Франција и Тес Суњо од Швајцарија.

ЈОТОВСКИ БЕЗ МАКА ВО ДУБЛ



Томислав Јотовски и Вадим Алексенко се пласираа во полуфиналето во конкуренција на двојки на фјучр турнирот во Анталија, Турција. Нашиот најдобар машки тенисер и партнерот од Украина играат одличен турнир.

По елиминацијата на првите носители, Томи и Вадим во четврт-финалето го збришаа романскиот пар Сорин Јорданче и Калин Манда со 6:1, 6:0.

Во наредната, полуфинална фаза ќе играат против домашниот пар кои воедно се и трети носители Сарп Агабигун и Атуг Чаликбилек.

Наградниот фонд на овој турнир изнесува 10 илјади американски долари, додека победниците ќе добијат 10 нови АТП поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...