Вардарци заглавија по пат

Вардар вчера отпатува кон Германија каде што во сабота ќе го одигра првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на шампионите.

Македонскиот претставник ќе гостува во Флензбург, град на северот на Германија, а патешествието го почна со лет кон Хамбург преку Виена. Велиме патешествие, затоа што црвен-црните заглавија на аеродромот во Виена. Поради дефект на авионот, летот доцнеше повеќе од два часа.



Натпреварот со Флензбург е закажан за во сабота од 17:30, па Вардар направи добар избор што одбра ден порано да тргне за Германија, па ќе има време да се аклиматизира и одмори пред средбата.

Во меѓувреме, Флензбург изби на првото место во Бундес лигата, откако успеа да го спречи Бергишер на Аце Јоновски двете победи по ред да ги претвори во серија. Флензбург победи 32:25 (16:16), и сега е на првото место со бод повеќе, но и натпревар повеќе од Рајн Некар. Од трката за шампионската титула неделава испадна Кил кој на домашен терен одигра нерешено со Минден и сега има натпревар повеќе од Флензбург и три бода помалку.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...